Разлика помеѓу преработките на „Чарлс Бебиџ“

Додадени 2.130 бајти ,  пред 11 година
с
нема опис на уредувањето
с
Во октомври 1810 година е примен на Кембриџ, Тринити Колеџ (Trinity College). Интензивно го читал Лајбниц, Лагранж, Симпсон, Лакроу а бил многу разочаран во математичките упатствија кои биле достапни на Кембриџ. Како одговор на тоа во 1812 година заедно со Џон Хершел (John Hershel), Џорџ Пикок (George Peacock) и уште неколку његови пријатели го формираат Аналитичкото друштво(Anality Society).
Во 1812 преоѓа во Питерхаус (Peterhouse), Кембриџ. Таму бил најдобар математичар но не успеал да дипломира со пофалница. Наместо тоа 1814 добива почесна диплома (диплома со пофалница за најдобри студенти) без претходно направена матурска работа.
== Диференцијална машина ==
Во тоа време податоците од нумеричките таблици ги сметале луѓе "сметачи". Бебиџ ги увидел грешките при сметањето на луѓето и сето тоа го натерало да пронајде начин табелите да ги израчуна механички, отфрлајќи ги човечките грешки. Во 1812 увидел дека големите сметања, особено оние за пресметување на математички таблици се реализираат со помош на низа од веќе познати акции. Затоа дошол на идеја овој процес да се автоматизира па така во 1822 година ја развива својата механичка машина наречена ''диференцијална машина.''
Бебиџовата машина била направена автоматски да израчуна повеќе математички операции. Благодарејќи на диференцијалната метода можело да се избегне множење и делење. Првата диференцијална машина имала 25000 делови, била висока 8 стапки и тешка 15 тони.
Имал подоста спонзори но не успеал да ја заврши. Подоцна измислил подобрена верзија на истата наречена ''диференцијална машина 2''. Таа не била завршена во текот на неговиот живот, но била реконструирана во текот на 1989-1991 година. Нејзиното прво сметање било прикажано во Лондонскиот научен музеј а било прецизно до 31 децимала, многу подобро отколку просечен џебен калкулатор.
54

уредувања