Дончо Штипјанчето: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 24:
По создавањето на ''Штипскиот револуционерен комитет'' од страна на [[Дамјан Груев]] во учебната [[1894]]/[[1895]] година, Даме успеал да го придобие и Дончо на страната на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]]. [[Тодор Станков]] еден од членовите на комитетот го препорачал кај [[Гоце Делчев]] и тој станал негов курир.
 
Првата задача на Дончо во [[1895]] година, тогаш бил задолжен од страна на [[Гоце Делчев]] да ја осуети агитацијата на Александар Чакаров (родум од [[Велес]]) во името на [[Македонски комитет|Македонскиот комитет ]]. Чакаров требало да покрене востание во [[Виничко]] но бил спречен во тоа. Од крајот на [[1895]] година Дончо покрај оружје, револуционерна литерaтура и коресподенција започнал да пренесува за комитетите и бомби кој во тој период главно биле изработувани во бомболеjaрницата на [[Наум Туфекчиев]] во [[Софија]].
 
Во [[април]] [[1896]] година Дончо бил фатен од страна на турcките власти на влезот во Битола при пренесување на бомби, револвери и муниција. Од страна на турcката власт бил подложен на најжестоки мачења но тој не издал никого. Тоа му дало можност на [[Гоце Делчев]] да се врати во [[Штип]] од планирано патување во [[Софија]], тој бил испитуван од штипскиот кајмакам и бил притворен по еден месец во [[Скопје]] но набргу бил оcлободен бидејќи немало докази за поврзаност со оружјето. Дончо пак бил осуден на 101 година затвор во прангии, а оваа казна подоцна му била намалена на 15 години. [[Ѓорче Петров]] за храброста на Дончо кажал:
Ред 38:
 
Дончо во битолскиот затвор се нашол со организациските луѓе [[Јордан Гавазов]] и [[Стојан Лазов]], а заедно го нападнале просрпскиот настроен Мицко Крстевски кои 4 пати бил прободен со нож, а Дончо поради тоа се нашол нови три месеци во
'долапот' со димензии метар на метар на метар и 50,каде што бил затворен и првите 6 месеци. По [[Грчко-турска војна|Грчко-турската војна]], Бугарија поради својата неутралност меѓу другото издејствувала амнестија за сите политички затворени бугари (''македонци егзархисти''), а Дончо заедно со други 9 затвореници бил ослободен на [[20 октомври]] [[1897]] година. По излегувањето од затвор заминал за [[Штип]], но повторно бил баран од турските власти и затоа со своето семејство заминал за [[Бугарија]] зимата на 1897/98 година и се населил во [[Ќустендил]].
 
Дончо ја продолжил својата револуционерна дејност и продолжил да пренесува товари со својте коњи. По смрта на [[Даме Груев]] се приклонил кон [[Христо Матов]] и [[Тодор Александров]], а својата дејност ја продолжил во [[ВМРО (Автономистичка)]] се до [[1922]] година кога му се влошило здравјето.