Крсте Црвенковски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 11:
==Повоена кариера==
 
По ослободувањето Црвенковски врши повеќе раководни функции. Во јануари [[1948]] година е избран за член на Политбирото на ЦК СКМ, а во [[1951]] година е избран за организациски секретар. Во [[1958]] година е избран за министер за просвета и култура во сојузната влада. Во [[1963]] година тогашниот секретар на СКМ, [[Лазар Колишевски]], паѓа во немилост кај [[Јосип Броз Тито]] и е повлечен во [[Белград]], а на негово место во јули 1963 година доаѓа Црвенковски. Во јуни [[1966]] година е именуван за претседател на Комисијата за испитување на работата на државната безбедност, формирана како дел од напорот да се испита и отстрани преголемата моќ на тајната полиција предводена од [[Александар Ранковиќ]]. По отстранувањето на Ранковиќ од раководните функции, во Југославија доаѓа до либерализација, а главен носител во Македонија е Црвенковски. Тој е на чело на СКМ до март [[1969]] година, кога повторно е повикан на работа во Белград, во новоформираното Извршно биро на ЦК на СКЈ. Во овој период Црвенковски станува член на Претседателството на [[СФРЈ]], а во периодот јуни [[1971]] – јуни [[1972]] е и потпретседател на Претседателството. Мандатот на член на Претседателството му завршува во [[1974]], по што повеќе нема да врши ниту една функција во Федерацијата или во Републиката.
 
==Дисидентство==
 
Наспроти политиката на струјата на [[Лазар Колишевски]], политиката на Црвенковски е во насока на поголемо почитување на Македонија во рамките на Југословенската федерација и во таа насока тој се залага за поголема самостојност на републиките во федерацијата. Во раните седумдесетти им дава поддршка на предводниците на [[Хрватска пролет|Хрватската пролет]], поради што кога централното југословенско раководство решава да се пресмета со т.н. [[либерализам|„либерали“]], во Македонија една од главните жртви ќе биде токму тој. Во [[1972]] година Црвенковски се повеќе е напаѓан од догматското крило во Партијата за на 36-та седница на ЦК СКМ, одржана вона февруари[[18 јануари]] [[1973]] година тој да биде остро критикуван. По оваа седница Црвенковски паѓа во немилост, иако му е дозволено да го заврши својот мандат на член на Претседателството на СФРЈ, кој му истекува во мај 1974 година. По завршувањето на мандатот на оваа функција Црвенковски како политички неподобен ќе биде целосно маргинализиран и до распадот на Југославија нема да врши никаква јавна функција.
 
==Кратко политичко реактивирање==