Таратор: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
Лукот се дели на чешниња и се лупи. Чешнињата се ставаат во дибекот со сѐ солта и се толчат сѐ додека не се добие еднолична маса. Во дибекот се додава сето масло и со толчникот се меша сѐ додека маслото не се впие во истолчениот лук. Масата треба да добие конзистенција слична на мајонез. Киселото млеко се истура во длабок порцелански или стаклен сад и во него се додава истолчениот лук. Се меша за да се изедначи. Ако киселото млеко е прегусто, некои додаваат малку студена вода. Други пак претпочитаат тараторот да остане погуст.
 
Краставиците се мијат и се лупат. потоаПотоа со остар нож се сецкаат на ситни парченца. Наместо нож може да се употреби ренде. Иситнетите краставици се додаваат во смесата. По можност, се зачинува со листови свеж копар (''Anethum graveolens'').
 
== Сервирање ==
Готовиот таратор пред сервирањето се лади во фрижидер. Непосредно пред послужувањето може да се додадат коцки лед.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Таратор