Едвард IV: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Едвард IV''' ([[28 април]] [[1442]][[9 април]] [[1483]]) бил [[крал на Англија]] во периодот од [[4 март]] [[1461]] до [[9 април]] [[1483]] година, со мали прекини во периодот од [[1470]]-[[1471]] година, и тој е првиот [[крал на Англија]] од династијата[[династија Јорк]].
 
== Качување на тронот ==
 
Едвард е роден на [[28 април]] [[1442]] година во [[Франција]]. Тој бил син на [[Ричард Плантагенетски, трет војвода од Јорк]]. Неговиот татко имал претензии кон англискиот трон, за кој се водела и т.н. [[Војна на розите]] помеѓу [[династија Ланкастер]] и [[династија Јорк]]. Кога неговиот татко бил убиен во битката кај Вејкфилд, Едвард, како негов најголем син, ги наследил неговите претензи. Со помош на [[Ричард Невил]], Едвард успеал да ги порази позициите на Ланкастер, и во [[1461]] година да се објави за крал на Англија. Во тоа време, [[Хенри VI]] и неговата сопруга биле во [[Северна Англија]]. едвард уште еднаш успеал да победи во битката кај Товтон.
 
== Симнување од власт ==
 
Во [[1464]] година Едвард се оженил со [[Елизабета Вудвил]], вдовица на [[Џон грејГреј]], кој загинал во војната. Со помош на помалиот брат на Едвард, Џорџ, опозицијата успеала да поведе војска која би војувала против Едвард. Еден дел од кралската армија доживеала огромен пораз во битката кај Еџекот Мур, а самиот едвард бил заробен. Ворвик се обиделобидела да владее со земјата, но наишолнаишла на голем отпор од страна на благородниците, па тој моралморала да го пушти на слобода Едвард. Кралот на тоа не одговорил, туку сакал да се помират со Ворвик и Кларенс. Но во [[1470]] година тие повторно организирале бунт против Едвард, но овој пат тие доживеале голем пораз и биле принудени да побегнат во Франција. Во [[Франција]], тие дошшле во контакт со Маргарите[[Маргарита де Анжу]] и Ворвик се согласилсогласиле [[Хенри VI]] повторно да биде избран за крал на Англија. Така, со помош на Франција, Едвард бил принуден да го напушти престолот и да побегне. Во меѓувреме, братот на Ворвик, [[Џон Невил]], исто така преминал на страната на Ланкастер.
 
== Повторно враќање ==
 
По поразот над Едвард, Хенри повторно бил избран за [[крал на Англија]], а Едвард заминал во [[Бургундија]]. Владетели на Јорк во тоа време биле неговиот чичко Чарлс и неговата сестра Маргарите Јоркска. Во почетокот, Чарлс немал намера да му помогне на Едвард, но француските власти објавиле војна на [[Бургундија]], па Чарлс бил принуден да ги промени своите позиции. Така, со негова помош Едвард успеал да собере определена армија и да замине кон Англија.
 
По враќањето на Англија, тој наишол на големи проблеми. Градот [[Јорк]] му ги застворил портите, а тој продолжил со мобилизацијата на војници. Многу бргу на негова страна се присоединил неговиот брат Кларен. Во битката кај Барнет, Едвард успеал да му нанесе пораз на Ворвик. Многу бргу по неговата смрт бил убиен и наследникот на Ланкастер, [[Едвард Ланкастерски]]. По само неколку денови Едвард се вратил во [[Лондон]] а Хенри бил убиен. На [[18 февруари]] [[1478]] бил убиен и Кларенс, поради заговотзаговор.
 
== Управување и смрт ==
 
Останатиот дел од неговото управување било мирно, бидејќи династија Ланкастер била скоро целосно уништена а единствениот соперник останал само [[Хенри Тјудор]], кој живеел во прогонство. Во [[1475]] година Едвард војувал со Франција. Во [[1482]] година му дал подршка на [[Александар Стјуартски]], брат на [[Јаков III Шкотски]], да го зазеде шкотскиот престол.
 
Едвард IV починал на [[9 април]] [[1483]] година, а бил наследен од страна на неговиот син [[Едвард V]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Едвард_IV