Дончо Штипјанчето: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 14:
== Биографија ==
 
Тој е роден 1867 во Штипското село [[Ерџелија]], тогаш во [[Османска Империја|Османската империја]]. Негови родители биле Стојан Илиев-Тоше и Мита. Учел шест години во бугарско егзархиско училиште, а потоа изучувал занат и од 14 години почнал да работи како кожар по селата. Тој активно учествувал во егзархиското читалиште ''Дејност'' каде се запознал со животите и делата на Васил Левски, Христо Ботев и други бугарски револуционери. Некаде околу [[1888]] година се оженил со Катерина, таа била ќерка на иконом поп Апостол Поликарев(поп Паликарија) штипскиот делегат кој ја преставувал Ќустендилската епархија на Првиот Црковно-народен собор на [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]] во [[1871]] година.
 
Братот на Ктерина-Григор поп Апостолов бил учител во [[Кочани]] и во [[1885]] година бил осуден поради обид за покренување на воружена акција против [[Османлиска империја|Османлиската империја]], а тој починал кон крајот на 80-те години. Околу [[1888]] година таткото на Дончо бил убиен, и сега Дончо Штипјанечето требало да се грижи за целата фамилија како за неговите 6 деца така и за децата на Григор поп Апостолов, почнал да се занимавозанимавa со кираџиство, односно за одреденодреденa сума на пари пренесувал разни стоки, а оваа работа му овозможила да оствари разни познанаства кој подоца му помогнале во револуционерната дејност.
 
== Револуционерна дејност ==
Ред 24:
По создавањето на ''Штипскиот револуционерен комитет'' од страна на [[Дамјан Груев]] во учебната [[1894]]/[[1895]] година, Даме успеал да го придобие и Дончо на страната на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]]. [[Тодор Станков]] еден од членовите на комитетот го препорачал кај [[Гоце Делчев]] и тој станал негов курир.
 
Првата задача на Дончо е во [[1895]] година, тогаш бил задолжен од страна на [[Гоце Делчев]] да ја осуети агитацијата на Александар Чакаров (родум од [[Велес]]) во името на [[Македонски комитет|Македонскиот комитет ]]. Чакаров требало да покрене востание во [[Виничко]] но бил спречен во тоа. Од крајот на [[1895]] година Дончо покрај оружје, револуционерна литертаура и коресподенција започнал да пренесува и бомби кој во тој период главно биле изработувани во бомболераницата на [[Наум Туфекчиев]] во [[Софија]].
 
Во [[април]] [[1896]] година Дончо бил фатен од страна на турките власт при пренесување на бомби, револвери и муниција. Од страна на турката власт бил подложен на најжестоки мачења но тој не издал никого. Тоа му дало можност на [[Гоце Делчев]] да се врати во [[Штип]] од планираното патување во [[Софија]], а подоцна тој бил испитуван од штипскиот кајмакам и бил притворен во [[Скопје]] но набргу бил солободеноcлободен бидејќи немало докази за поврзаност со оружјето. Дончо пак бил осуден на 101 година затвор во прангии, а оваа казна подоцна му била намалена на 15 години. [[Ѓорче Петров]] за храброста на Дончо кажал:
 
{{Цитатник|''Доне си создаде име во организацијата како прататко на тврдоста при најголемите страдања. Така се создаде традиција, еден дух да не се искажува, да не се издава ништо...'' <ref>[http://www.promacedonia.org/bugarash/gp/gp_4.htm Спомени на Гьорчо Петровъ]</ref>}}
Ред 41:
Дончо ја продолжил својата револуционерна дејност и продолжил да пренесува товари со својте коњи. По смрта на [[Даме Груев]] се приклонил кон [[Христо Матов]] и [[Тодор Александров]], а својата дејност ја продолжил во [[ВМРО (Автономистичка)]] се до [[1922]] година кога му се влошило здравјето.
 
Дончо умрел на [[15 април]] [[1931]] година во [[Ќустендил]]. На неговиот погреб неговиот пријател и со борниксоборник му донел венец со натписот ''Gaius Mucius Scaevola ''.
 
==Извори==