Дончо Штипјанчето: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 24:
По создавањето на ''Штипскиот револуционерен комитет'' од страна на [[Дамјан Груев]] во учебната [[1894]]/[[1895]] година, Даме успеал да го придобие и Дончо на страната на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]]. [[Тодор Станков]] еден од членовите на комитетот го препорачал кај [[Гоце Делчев]] и тој станал негов курир.
 
Првата задача на Дончо е во [[есен]]та [[1895]] година, тогаш бил задолжен од страна на [[Гоце Делчев]] да ја осуети агитацијата на Александар Чакаров (родум од [[Велес]]) во името на [[Македонски комитет|Македонскиот комитет ]]. Чакаров требало да покрене востание во [[Виничко]] но бил спречен во тоа. Од крајот на [[1895]] година Дончо покрај оружје, револуционерна литертаура и коресподенција започнал да пренесува и бомби кој во тој период главно биле изработувани во бомболераницата на [[Наум Туфекчиев]] во [[Софија]].
 
Во [[април]] [[1896]] година Дончо бил фатен од страна на турките власт при пренесување на бомби, револвери и муниција. Од страна на турката власт бил подложен на најжестоки мачења но тој не издал никого. Тоа му дало можност на [[Гоце Делчев]] да се врати во [[Штип]] од планираното патување во [[Софија]], а подоцна тој бил испитуван од штипскиот кајмакам и бил притворен во [[Скопје]] но набргу бил солободен бидејќи немало докази за поврзаност со оружјето. Дончо пак бил осуден на 101 година затвор во прангии, а оваа казна подоцна му била намалена на 15 години. [[Ѓорче Петров]] за храброста на Дончо кажал: