Референдум во Македонија (1991): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: на сила -> насила
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
 
== Предвечерие на Референдумот за независност ==
[[Image:Референдум 1991 покана.jpg|thumb|лево|250px|Покана за учество на референдумот ]]
Референдумот во Македонија се одржа во предвечерјето на распадот на [[СФРЈ]]. Врз основа на плебисцитот од декември [[1990]] година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определи за градење [[суверенитет|суверена]] држава и Декларацијата за независност, на [[24 јуни]] следната година [[Словенија]] прогласи независност. Веднаш по тој чин дојде до оружени конфликти меѓу [[ЈНА]] и словенечката територијална одбрана. Воениот судир заврши за триесетина дена со [[Брионска декларација|Брионската декларација]] и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во [[Србија]] и во [[Босна и Херцеговина|БиХ]].
 
Ред 28 ⟶ 29:
 
== Референдумски резултати ==
[[Image:Плакат за независност 1991.jpg|left|thumb|250px|Плакат за референдумот ]]
 
На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот '''позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани''' односно '''95,09 отсто''' (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој беше спроведен не беа поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатираше масовноста на граѓаните со право на глас во Република Македонија кои се изјасниле "за" самостојна и суверена Македонија.