Лазар Поп-Трајков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 52:
Одкако успева да се врати во родното Костурско, Лазар Поп Трајков решава дека е најдобро да оди и да се лекува во селото на Коте Христов. Дури и му испраќа писмо во кое срдечно го поздравува и го поканува да дојде кај него. Иако Поп Трајков знае дека Коте има врски со грчкиот владика Германос Каравангелис, тој сепак се препушта на Коте надевајќи се дека заедничката борба за време на востанието ги е средила сите недоразбирања меѓу Коте и ВМОРО.Но Поп Трајков не знае дека грчкиот владика веќе го врбувал Коте да работи за грчкиот комитет и дека добива месечна плата. Како непомирлив борец против грчкото духовно господство во Костурско, Лазар Поп Трајков е трн во очите на Грците, и тие нудат се што можат само да биде тој мртов. И така, во октомври 1903 година, во падините на планината Лисец, до село Руља, великиот водач Лазар Поп Трајков е заклан од страна на Коте и Павле Киров (поранешен член на ВМОРО, потоа андарт). Главата му е испратена на грчкиот владика Германос Каравангелис кој ја фотографира и испраќа по селата. Така предавнички е убиен Лазар Поп Трајков - најсветлата личност на Костурско (според зборовите на Пандо Кљашев). Тоа е трагичната смрт на човекот, којшто со своите верни помошници успева да организира ја Костурската околија што понатаму дава можност тој, заедно со легендарниот водач на Костурско Васил Чакаларов и неговите војводи и плејадите храбри борци да бидат достојни да исплетат блескав лаворов венец за Македонците од Костурско, и да ги стави егејските Македонци на предните страници на македонската слава. Воедно со великиот организатор и раководител Лазар Поп Трајков, загинува и Костурскиот поет Лазар Поп Трајков, чиишто стихови допринесуваат за кревање на гранитниот, боречки, револуционерен дух на Костурските великани. За смртта на Лазар Поп Трајков Магда Јумбрукова Влахова от Д'мбени вели:
 
{{Cquote|''Лазо Поптрајкоф беше комитин. Беше ен Коте од Руља и тойтој беше комитин. Козна (кој знае) зашчо се скарае и Коте стана протиф комитите. И ојде се префрли, ојде при грците, о Костур. Го закла Лазо Поптрајкоф. Со посечената глава оцел Костур ошетае. Лазо Поптрајкоф беше болгарцки даскал и војвода от Дъмбени.''<ref><small>''Шклифов, Благой и Екатерина Шклифова. Български диалектни текстове от Егейска Македония, София 2003, с. 32 [http://promacedonia.org/shklifovi/shklifovi_000_100.pdf]''</small></ref>}}
 
== Песна за Лазар Поп Трајков ==