Глигор Стефанов Попев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 14:
== Биографија ==
 
Роден е во богато [[прилеп]]ско трговско семејство, а и самиот станал крупен трговец. Завршил ІІІ клас во [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|Солунска егзархиска машка гимназија ]]. Од [[1892]] до [[1896]] година бил трговец. Во [[1894]] година бил вклучил во револуционерната организација од страна на [[Даме Груев]] и влегол во ''Битолскиот окружен комитет'' заедно со [[Пере Тошев]] и [[Георги Пешков|Ѓорѓи Пешков]], а подоцна кон нив се приклучил и [[Ѓорче Петров]] <ref>[[Симеон Радев|Радев, Симеон]], „Ранни спомени“, Изд. къща Стрелец, София, 1994 [http://www.kroraina.com/knigi/sr1/sr1_21.html]</ref>. Во 1894 година учествувал во [[Ресенско советување|Ресенското советување]], а по заминувањето на [[Ѓорче Петров]] за [[Задгранично претставништво|задграничен преставник]] во [[март]] [[1897]] година, Попев бил кооптиран на неговото место во [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]]. Доаѓањето на Попев во [[Солун]] коинцидирало со започнувањето на судирот помеѓу [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]] и членовите на [[Бугарско тајно револуционерно братство|Бугарското тајно револуционерно братство]]. Помошта на Попев во тој судир била голема бидејќи тој како роднина на [[Коне Самарџиев]] навремено дознал за плановите на [[Бугарско тајно револуционерно братство|Братството]] да се ликвидират некој од членови на [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]]. Предвидените ликвидации не се оставриле, а самиот Попев за обидот за ликвидација на [[Даме Груев]] истакнал:
 
{{Цитатник|''Ако го направеа тоа, ние со заби ќе ги раскиневме, а најпрво јас ќе го убиев својот зет Коне (Самарџиев б.н)''}}
 
== Извори ==