Разлика помеѓу преработките на „Михаил Герџиков“

Додадени 482 бајти ,  пред 11 година
нема опис на уредувањето
}}
 
'''Михаил Герџиков''' ({{lang-bg|Михаил Герджиков}}) бугарски [[Анархизам|анархист]], основач и раководител на [[Македонски таен револуционерен комитет|Македонскиот таен револуционерен комитет]], учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]], подоцна деец и на [[ВМРО (Обединета)]] <ref>[http://vmro.bg/modules.php?name=Encyclopedia&op=content&tid=51 Биография от сайта на ВМРО]</ref>.
 
== Биографија ==
 
Средно образование учи во бугарската гимназија во [[Пловдив]]. Во [[1897]] година заминува за [[Швајцарија]], каде студира правни науки во [[Лозана]] и [[Женева]]. Еден е од најистакнатите претставници на анархистичкиот [[Македонски таен револуционерен комитет]]. Во учебната [[1899]]/[[1900]] година под името Тодор Луканов е учител во гимназијата во [[Битола]]. Во октомври [[1900]] година е четник во четата на [[Христо Чернопеев]] во [[Кукуш]]. По решение на ЦК определен е за претставник на [[ВМОРО|Организацијата]] во Одринскиот револуционерен округ, а подоцна и за ревизор на четите во источниот дел на [[Тракија|Одринско]]. Во текот на Преображенското востание во [[1903]] година практично раководи со Бојното тело и по негова команда со четите на [[Иван Варналиев]] и [[Христо Силјанов]] е заземено селото Василико. [[анархизам|Анархист]] по убедување, Герџиков во македонското револуционерно движење е голем противник на [[Борис Сарафов]]. По директива на задграничните претставници на Организацијата во [[Софија]], дури лично престојувал во [[Белград]] кон крајот на [[1903]] година за да ги следи предавничките акти на [[Борис Сарафов]]. По востанието тесно соработува со левите сили во револуционерното движење. Подоцна, кон [[1919]] година во [[Софија]] учествува во издавањето на списанието „Билтен“. Тој е еден од потписниците на познатиот '''Апел''' од [[1919]] година во кој се пласира идејата за автономна Македонија. По превратот од [[1923]] година е принуден да ја напушти [[Бугарија]] и заминува во [[Цариград]]. По формирањето на [[ВМРО (Обединета)]], Герџиков станува нејзин член. Но поради нејзиното потпаѓање под комунистичко влијание, во 1929 година се отцепил од неа и формирал нова национална фракција. По [[Втора Светска војна|Втората светска војна]] како анархист е репресиран од комунистичкиот режим. Умрел во [[1947]] година во [[Софија]]. Неговите спомени во [[1995]] година беа издадени во [[Република Македонија]].
 
{{Шаблон:Анархизам}}
== Извори ==
<references/>
 
== Надворешни врски ==
 
* [http://www.plovdivguide.com/figures/fig.php?id=504&lang_id=2&alpha=M Биографија на Герџиков] {{bg}}
 
 
 
== Галерија ==
 
<center>
<gallery>
Image: Mihail Gerdjikov.jpg|
Image: Mihail Gerdzhikov Plovdiv IMARO.JPG
Image: IMRO Seal Terrorists.JPG|Македонскиот таен револуционерен комитет
</gallery>
</center>
 
[[Категорија:Дејци на ВМОРО|Г]]
[[bg:Михаил Герджиков]]
[[de:Michail Gerdschikow]]
 
{{Шаблон:Анархизам}}
{{МРО}}