Крсто Б’лгаријата: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 18:
== Војвода ==
 
По препорака на [[Михаил Герџиков]] во ноември [[1902]] година Крсто станал војвода на чета во [[Чокенски револуционерен реон|Чокенскиот револуционерен реон]] и во [[Одрински револуционерен округ|Одринскиот револуционерен округ]], каде што станал и првиот подофицер. <ref>Весник “Бугарска армија”, бр. 15642</ref>. Од почетокот на [[1903]] година бил назначен за војвода на [[Малотрновски револуционерен реон|Малотрновскиот револуционерен реон]], каде значително придонел за разгранување на револуционерната мрежа и организирањето на [[бугари|бугарското]] население. Во февруари стапил во четата на [[Михаил Герџиков]] и учествувал во организирањето на атентатот на железничката линија кај село [[Синекли]], [[Чаталџа]]нски реон. Крсто Б’лгаријата бил делегат на конгресот на [[Петрова нива]] во својство на околиски војвода на Малотрновскиот револуционерен реон. <ref name=[http://www.promacedonia.org/hk/hk_11.htm Родопа през Илинденско-Преображенското въстание, Христо Караманджуков]>Родопа през Илинденско-Преображенското въстание, Христо Караманджуков</ref> За време на [[Преображенско востание|Преображенското востание]] (последвало [[Илинденско востание|Илинденското востание]]) е војвода во Чокенскиот регион со заменик војвода [[Петар Чолаков]]. Во текот на ноќта на 9 август неговата чета од 40 души го напаѓа турското село [[Хаџиталашман]], кое е на само 20 километри од [[Одрин]]. Четниците го нападнале селото од три страни, а во паника голем дел од населението, полициската станица и кавалерискиот гарнизот побегнале во [[Одрин]]. Утрото во селото не останал ниту еден [[отоманци|турчин]]. <ref>[http://www.meridian27.com/trakia/tr2.htm Тракијско дружество “Антим I”, Бургас]</ref> По востанието, Крсто се префрлил повторно во [[Македонија]] како околиски војвода. По востанието тој станал војвода во [[Кочани|Кочанско]], каде од [[1904]] година под негово раководство дејствува [[Цено Куртев]].
 
== Подоцнежна дејност ==