Ричард II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Ричард II''' ([[6 јануари]] [[1367]] - [[14 февруари]] [[1400]]) бил син на [[Едвард, Црниот принц]] и [[Јована Кентска]]. Ричард бил роден во [[Бордо]] и станал наследник на својот татко откако поголемиот брат починал во својата рана возраст. Во [[1399]] година бил отстранет од престолот, а во [[1400]] починал.
 
== Рани години ==
 
Бидејќи Ричард бил роден на [[Богојавление]] и бидејќи тројца кралеви присуствувале на неговото раѓање, за него постои легенда според која и покрај тоа што бил втор син, се сметало дека му предстојат големи дела. Тој станал наследник на англискиот престол и бил прогласен за [[принц на Велс]], кога неговиот татко, Црниот принц, починал од болест во [[1376]] година. Следната година, неговиот дедо [[Едвард III]], исто така починал и Ричард станал владетел на 10 години. Младиот крал бил воспитуван од сер [[Симон Барли]]. Од [[јуни]] [[1377]] до [[јануари]] [[1380]] година [[Велика Британија]] била управувана од страна на совети. Иако не бил член на ниту еден од советите, [[Џон Гонт]], чичко на Ричард, морал да донесува управувачки одлуки кои биле од особена важност, особено во однос на надворешната политика. Во тоа време избувнало селското востание од [[1381]]. Младиот крал морал лично да преговара со [[Вот Тајлер]] и другите водачи на востанието. Тој ветил дека ќе ги помилува сите востаници од бунтот, но тоа ветување не било испочитувано. Така, сите востаници биле заробени и убиени. И покрај тоа, денес се смета дека Ричард не бил благосклонет кон барањата на бунтовниците и останува нејасно дали ги испланирал сите овие дела или бил принуден да од страна на англиските благородници. Така или инаку, како резултат на неговата тактика, востаниците се распрснале по улиците на [[Лондон]] кон своите домови и со тоа се ставило крај на немирите. Со растењето на младиот крал, сепак, кај него се забележила неспособноста да преговара и да прави компромиси - значителни вештини за водење на успешна политика и дипломатија во [[14 век]]. Недостатокот од овие квалитети на крајот довело до неговото детронирање во [[1399]] година.
 
На [[22 јануари]] [[1383]], Ричард II се оженил со [[Ана Бохемска]] (позната уште ѝ како Ана Чешка / Ана Луксембург), ќерката на Карл IV, Светиот Римски император и Елизабета Померанска. Се смета дека Ричард II бил силно приврзан кон својата сопруга, но двајцата немале потомци. Таа починала на [[7 јуни]] [[1394]] година.
 
На [[31 октомври]] 1396 Ричард II се оженил со седумгодишната принцеза [[Изабела Валоа]], ќерка на францускиот крал [[Шарл VI]] и Изабела, со што се прекинал воениот конфликт со [[Франција]]. И овој брак останал без потомци.
 
== Кризата од 1387-1388 ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ричард_II