Крсте Гермов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 23:
== Биографија ==
 
Работeл како [[кројач]]. Во [[1901]] год. влегува во [[ТМОРО]], во четата на [[Петар Ацев]], а потоа станува секретар во четата на [[Толе паша]], како и реонски војвода во [[Мариово]]. За време на [[Илинденското востание]] учествувал во повеќе борби против турскиот аскер, а по востанието против турскиот аскер и башибозук, исто така и против бугарски, српски и грчки чети. Пролетта на [[1904]] година е во придружба на [[Ѓорче Петров]], а потоа е заедно со војводата [[Никола Каранџулов]]. [[1906]] година е уапсен од страна на турската власт и осуден на доживотен затвор, амнестиран е од [[младотурците]] во [[1908]] година. Васил Балевски за Шакир вели:

{{Цитатник|''Крсте Гермов (Шакира) беше многу способен војвода. Тој беше со образование, голем шегобиец и раскажувач на приказни и мајатапи. Тој беше направил сите кладенчета во областа со чешми и ги беше крстил секое Шекирова чешма. Тој имаше неколку псевдонимот, како Шакира, Аргир и други''<ref>„Спомени на двама четници на ВМОРО 1904-1908“, „Акшеана 2007“, София, 2008 г., стр.65</ref>}}

== По востанието ==

Во [[1910]] година во разоружителната акција од страна на турската власт е подложен на мачење, потоа заминува за [[Софија]], каде отвора свое кафе, па работи и како кондуктер во Дирекцијата на трамваите. Учествува во [[балканските војни]], во бугарската ([[Македонско-одринско ополчение]]) и српската{{факт}} армија. Има добиен орден „[[''За храброст]]“'' IV ред. <ref>„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 176.</ref>. По војната живее во [[Софија]]. Соработува со списанието „[[Македонски вести]]“ ([[Софија]] [[1935-36]]) уредувано од [[Ангел Динев]]. Доаѓа во [[Асномска Македонија]], бил избран за народен пратеник од [[Прилепско]] во [[Народното собрание]] на [[Македонија]]. На 01.09.1946 година во [[Скопје]] ја отворил Првата седница на [[Македонското народно собрание]] токму Шаќир Војвода како највозрасен народен пратеник. Починал во Скопје на 17 декември 1962, а погребан е со високи почести во родниот град - Прилеп.
 
== Извори ==