Никола Малешевски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Никола Малешевски''' е македонски револуционер, учесник во македонското револуцион...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Инфокутија за личност
| име = Никола Спасов Малешевски
| портрет = Petrov, maleshevski, delchev.jpg
| px = 150п
| опис = [[Ѓорче Петров]], Никола Малешевски, [[Гоце Делчев]]
| родено-име =
| роден-дата = {{роден на|||1850}}
| роден-место = [[Берово]], {{роден во|Македонија|Отоманска Империја}}
| починал-дата = {{починал на|||1945}}
| починал-место = {{починал во|Дупница|Бугарија}}
| починал-причина =
| познат = раководител на [[ТМОРО]]
| занимање =
| сопружник =
| родители =
| деца =
}}
'''Никола Малешевски''' е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и началник на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] за [[Ќустендил]]ската област.
 
== Биографија ==
 
Никола Малешевски е роден во 1850 година во [[Берово]], [[Македонија]], тогаш во [[Отоманската империја]]. Добива основно образование во родното [[Берово]]. Развил револуционерна активност на Малешевски и Пијанечко, и учествува во подготвена на [[Разловечко востание|Разловечкото востание]] од 1876 година предводено од [[Димитар Поп-Георгиев Беровски|Димитар Беровски]]. По неуспехот на бунтот се преселува во [[Дупница]], каде што станува секретар на [[Комитет Единство|Комитетот Единство]]. Во [[1895]] година е меѓу творците и на македонско-одринското друштво ''Единство'' во [[Дупница]], а притоа бил избран за еден од челновите на раководството <ref>Георгиев, Георги. „Македоно-одринското движение в Кюстендилски окръг (1895-1903)", Македонски научен институт, София, 2008, стр. 19.</ref> По [[Мелничко востание|Мелничкото востание]] воспоставува контакт со претставниците на [[Македонски комитет|Врховниот комитет]], а во [[1896]] година од страна на [[Гоце Делчев]] е поставен за началник на каналите на [[ВМОРО]] во [[Дупница]]. Во 1899 година Никола Малешевски и [[Гоце Делчев]] го придобиваат [[Јане Сандански]] во [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]]. Никола Малешевски учествува во киднапирањето на [[Мис Стон]] во [[1901]] година. До 1903 година води пренесување на оружје, пари и материјали за внатрешноста на [[Македонија]]. За време на [[Илинденското востание]] војводата Крсто Асенов се оженил со ќерката на Никола Малешевски, Ана. По задушување на востанието, Никола Малешевски им помага на бегалците од загрозените краишта. Во [[Балканските војни]] Никола Малешевски ја води чета на на Седмата рилска пешадиска дивизија во борбите за Малешевскио и Пијнечко. Умира на [[7 февруари]] [[1945]] година во [[Дупница]].
 
== Извори ==