Отомански интеррегнум: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 31:
 
== Муса и Мехмед ==
[[Податотека:Çelebi Mehmet.jpg|right|200px|thumb|Мехмед Челеби]]
 
Претенденти за османлискиот престол останале Муса, во [[Румелија]], кој се потпирал на ситните феудалци и нискиот воен кадар и Мехмед, во [[Анадолија]], кој се потпирал на крупните феудалци. Многу брзо помеѓу нив дошло до воен судир. Дел од покрупните феудалци кои биле на страната на Муса, заплашени од своите лични интереси и имоти, го напиштиле на Муса и преминале на страната на Мехмед. Пртив Муса се побуниле и српските феудалци кои биле турски вазали, определувајќи се речиси сите за Мехмед. Тогаш, везирот на Муса, [[Ќор Шах Мелек]] побегнал во престолнината, а византискиот император [[Манојло II Палеолог]] ([[1391]]-[[1425]]), кој исто така го подржувал на Мехмед, го вратил пак во [[Бурса]] кај Мехмед. Подоцна Муса испратил повик до [[Византија]] да му плаќа данок преку својот посланик [[Ибрахим Паша]]. Сепак планот на Муса не се остварил бидејќи и Ибрахим Паша слободно бил упатен во [[Бурса]]. Бидејќи Муса го држел [[Галиполи]], византискиот император му дал воена помош на Мехмед за преминување во [[Румелија]].