Отомански интеррегнум: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 18:
 
== Муса и Сулејман ==
 
Бедредин зазел позиции против принцот Сулејман и Мехмед, кои биле претставници на крупните феудалци. Муса Челеби со помош на својот брат Мехмед, успеал своите војски да ги префрли од Анадолија во Румелија со цел да се симне од власт Сулејман кој бил статиционирал во Едрене. Муса во тоа време сеуште тактизирал и ја признавал врховната власт на Мехмед. Во 1410 година дошло до жестока битка помеѓу силите на Муса и Сулејман во која Муса издвојувал победа и ја зазел цела Румелија и на 17 февруари 1410 година во Едрене се прогласил за султан.
Кога во мај 1410 година, Сулејман се префрлил во Румелија и започнал воени акции против Муса, голем број на феудалци се ставиле под негова услуга. Меѓу овие големци се нашле и Вук Лазаревиќ и браќата бранковиќ/ На 15 јуни 1410 година се одвила нова битка помеѓу Сулејман и муса, кај местото косминдион во близина на престолнината Константинопол. Во оваа битка Муса бил поразен. Основната причина за поразот на Муса се гледа во измамата на големите румелиски бегови кои заедно со српските вазали односно деспоти преминале на страната на Сулејман.
 
По овој пораз, Муса се повлекол кон Стара Планина каде продолжил со својата герилска војна против својот брат. Сулејман по ова влегол во едрене како султан. Така, владеењето на Муса како султан траело од 13 февруари до 15 јуни 1410 година. Сепак, за многу кратко време силите на Муса повторно започнале да се регрутираат. Муса успеал да ги зароби Лазар Бранковиќ и Вук бранковиќ. Тој веднаш наредил Вук да биде погубен.
 
На 11 јули 1410 година дошло до нова битка во регионот околу Едрене во која Муса повторно бил поразен,. по тој пораз бил погубен и Лазар бранковиќ. По ова Муса се повлекол во регионот помеѓу Јамбол и Пловдив, и развивајќи успешна герилска борба успеал да собере голема маса од војници. Кон негова страна се приклучиле и голем број на ајдути како и некои ситни феудалци. Особено голема и масовна подршка му пружиле христијаните од планинските краеви од румелија.
 
кон крајот на 1410 година муса успеал да ја зазеде тврдината Станимак во Источна Тракија. Додека Муса напредувал, Сулејман се оддал на пиење и на харемска разонода, а власта индиректно ја препуштил на своите најблиски подржаници, Така, Муса Челеби повторно ја презел власта во Румелија у влегол во Едрене кон крајот на 1410 година или почетокот на 1411 година. Сулејман не успеал да побегне од градот, па најпрвин бил заробен и обезглавен. Така, на власт во Румелија дошол Муса, додека пак во Анадолија останал Мехмед.
 
== Муса и Мехмед ==