Отомански интеррегнум: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 15:
== Почеток ==
 
По Анагорската битка, во Османлиската империја се дошло до [[интерегнум]] - ''меѓувлада'', која трале повеќе од една деценија. По битката, синовите на Бајазит побегнале на различни страни. Така, Сулејман со Големиот везир Али Паша и јаничарскиот ага се засолниле во [[Бурса]] а потоа и во [[Едрене]] каде се самопрогласил за [[султан]]. Мехмед се зацврстил во [[Амасија]] и борејќи се против Монголите, успеал да поврати некои од претходно изгубените територии. Иса се засолнил во [[Бурса]] и ја зацврстил својата власт во [[Караманија]]. Мустафа мистериозно исчезнал, додека пак Муса Челеби кој бил заробен заедно со својот татко, по неколку месеци се вратил со останките на султанот. Според пишаните извори, во времето кога тој пристигнал во [[Анадолија]], тој ги пронашол своите браќа Мехмед и Иса скарани, помеѓу кои била започната војна. Во таа војна Иса бил победен и затоа тој побегнал кај својот брат Сулејман во едрене[[Едрене]]. Сулејман многу бргу го прифатил, со кое го ставил на чело на една армија која тргнала во поход против Мехмед. Иса, во битката кај [[Ески Шехир]] бил поразен. Во самата битка тој бил заробен а подоцна и погубен во [[1406]] година, <ref>Furuzan Hursev Tokin, Turkiyede halk hareketleri, Istanbul 1968, 35.</ref>Тогаш Сулејман со својата армија преминал во [[Анадолија]] борејќи се против своите двајца браќа Мехмед и Муса, кои биле во тоа време во сојуз. Во исто време, во анадолскиот регион пристигнал влијателниот шејх Бедредин.
 
== Муса и Сулејман ==