Струмички конгрес од 1904: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 11:
{{Цитатник|''... мнозина се надевале дека реформите ќе донесат олеснување меѓутоа, напротив било констатирано дека реформите му ги одврзале рацете на Хилми паша и пред нивните очи се вршеле убиства, палежи и силувања од страна на турскиот аскер'' <ref name="GT" />.}}
 
На окружниот револуционерен комитет особено му сметала работата на рускиот цивилен агент Николај Демерик кој му предложил на главниот инспектор Хусеин Хилми паша нова тактика за гонење и уништување на организациските чети. Новата тактика која била предложена се сосотоела од палење на куќите во кои ќе се открие дека престојувале четите. Оваа тактика турската војска не ја применувала пред [[Илинденско востание|Илинденското востание]], освен во текот на самото востание кога биле палени цела села, а вакавата пракса била прекратена со крајот на самото востание и доаѓањето на реформската комисија <ref name="GT" />. Затоа Конгресот решил да се даде видлив израз на народно негодување и незадоволство на цивилните агенти и странските офицери кој требало да учествуват во спроведувањето на реформите. Затоа Конгресот го задолжил војводата Никола Жесков да изнајде луѓе и да подметне мина на товарниот воз на железничката станица во [[Удово]].
 
== Извори ==