Разлика помеѓу преработките на „Струмички конгрес од 1904“

== Работа ==
 
Во [[августаприл]] [[1904]] година бил свикан конгрес во месноста [[Кулата]] на [[Огражден|Огражденските планини]] на кој присусутвувале делегати од [[Струмички револуционерен округ|Струмичкиот револуционерен округ]] под претседателсво на [[Ѓорче Петров]] <ref name="GT"><small>''Глигор Тодоровски, Реформите на големите сили во Македонија (1829-1909), Реформите на големите сили во Македонија по Илинденското востани, Скопје, 1984''</small></ref>. Главни прашања кој биле разгледани се независноста на [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]], одговорноста по [[Илинденско востание|Илинденското востание]] и односот кон [[Мирцштегски реформи|Мирцштегските реформи]].
 
=== Одлуки ===
 
Била осудена предвременоста на [[Илинденско востание|Илинденското востание]], исто така биле осудени [[Солунски конгрес од 1903|Солунскиот конгрес]] и [[Смилевски конгрес|Смилевскиот конгрес]], а бил критикуван и Дамјан Груев поради тоа што го подржал кревањето на востание. Конгресот ја осудил дотогашната централизација на [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]] и се побарало широка децентрализација. [[Струмички револуционерен округ|Струмичкиот револуционерен округ]] изгласал недоверба на Христо Татарчев и Христо Матов, а за нови [[Задгранично претставништво|задгранични претставници]] биле предложени [[Пере Тошев]] и [[Димитар Стефанов]]. Струмичкиот окружен конгрес е првиот конгрес кој се одржал по востанието и на овој конгрес првпат била резагледана работата на реформската комисија и каков однос да се заземе кон [[Мирцштегски реформи|Мирцштегските реформи]].
 
== Извори ==