Подземна република: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 13:
Во текот и по [[Илинденското востание]], северноамериканскиот печат ги коментирал настаните во [[Македонија]]. Меѓу многубројните статии посветени за македонското националноослободително движење особено е интресен прилогот на американскиот новинар и публицист А. Д. Хаурен Смит кој бил посветен на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] и во кој се истакнува дека:
 
{{Цитатник|Надвор од Балканскиот Полуостров се верува дека Организацијата е некакво тајно друштво од полуполитички водачи на банди, едно соединување на револуционери. Таа, меѓутоа, не е ни едното ни другото. Управното тело на Македонската организација не е ништо друго, туку сенат на една тајна република, кој е уреден внатре во Турската империја и е избран од народот преку народни, но тајни избори. Во срцето на една управа што веќе се распаѓа, каква што е турската, започна да се појавува оддолу една совршена форма на политичка организација, така совршена во своите гранки, како што е онаа на еден слободен републикански народ. Во Турската империја има: македонска полиција, македонски судови, македонска милиција, македонски училишта и македонска пошта, - сето тоа постои покрај големите усилби на турската влада да го уништи. Востанијата ја создадоа потребата од ваквата организација. Таканаречените градски совети или комитети, избрале преставници, за да се собераат со другите преставници од другите градови... Собраните окружни сенатори го преставуваат народот така, како што конгресот го преставува американскиот народ. Според тоа, нема да биде преувеличено, ако се каже дека во Македонија има две различни управи... Единствената цел на Организацијата не е само да крева востание. Таа го организаира судскиот систем, поткрепен со полициска сила... македонскиот селанец прибегнува до друг извор на правосудство. Тој се обрнува до месниот комитет, кој по неважни прашања сам се изјаснува. Заповед се испраќа до секој турски престапник за да ја надомести штетата и да плати казна. Обично Турчинот веднаш се потчинува, зашто секој комитете има своја полиција - чета која е сместена по планините - која учи на послушност}}
 
=== Институции ===