Македонија на Македонците: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 21:
== Македонска револуционерна организација ==
 
Во 90 - тите години на [[19 век]] во [[Македонија]] со појавува [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] со што се дал нов инпулс на македонското националноослободително движење. Оваа организација целосно застанала зад мотото ''Македонија на Македонците''. Во [[1905]] година [[Дамјан Груев]] во [[Софија]] имал средба со Лермонтов. Притоа Д. Груев истакнал дека организацијата дејствува самостојно издигајќија девизата'' Македонија на Македонците'' <ref name="dbm"><small>''Документи за борбата на македонскиот народ. . . т. 1, 325''</small></ref>, и дека организацијата не сака за ништо судбината на [[Македонија]] да ја потчини на интересите на кнежеството. Главна цел на организацијата е автономија на [[Македонија]] а не нејзино присоединување кон [[Бугарија]] <ref><small>''Симон Дракул, Македонија меѓу автономијата и дележот, четврти том, 57.''</small></ref>. Во текот на [[Илинденското востание]] во странскиот печат биле објавени, меѓудруготомеѓу другото и интервјуа со истакнати македонски дејци, преку кој светот добил јасна слика за целите на македонската борба. Таква статија е и онаа на ''ДејлиDaily њусNews'' објавена на 12 август 1903 година во која се истакнува:
 
{{Цитатник|''И, што е тоа неповолно за македонската кауза, мислам на онаа што лошо се сваќа и што прилично нашироко преовладува во западна Европа? Македонија за Македонците, не Велика Бугарија, е нашиот идеал - рече попот-борец Тома Николов, чиешто раскажување јас го преставив во едно писмо од Блискиот Исток пред неколку недели. Така, гледате дека ние веѓе направивме извесен почеток со привремена влада на Македонија. Нашиот идеал е Македонија за Македонците и за него ние ќе се бориме. Јас се надевам дека Вие ќе и го кажете ова на Вашата англиска јавност. Востанието е македонско, вистинските ефокасни боречки чети се македонски. Четите не доаѓаат од Бугарија. Тие доаѓаат од македонскиот народ. Тие ќе продолжат да доаѓаат се дотогаш додека македонскиот народ ќе го поднесува лошото владеење на Турците''}}