Подземна република: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 5:
=== Институции ===
 
[[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] од своето основање па се до кревањето на [[Илинденското востание]] успеала на голем дел од територијата на [[Македонија]] и [[Одрин]] да инсталира организациска мрежа и свој институции преку кој успала да ја остварува својата волја меѓу населението. Една од првите институции е [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет ]] кој бил главен извршен орган, постепено почнале да се формираат и други окружни и околиски комитети. Истовремено со формирањето на комитетите се започнало со создавање на паралени институции на власта. Уште во првите години биле создадени [[Тајна полиција на МРО|Тајна полиција ]] и [[Тајна пошта на МРО|Тајна пошта]] како и терористички групи кој дејствувале како егзекутивен орган <ref name="PPnO">[[:s:Прв правилник на Македонската револуционерна организација|Прв правилник на Македонската револуционерна организација]]''</small></ref>. Треба да се истакне дека поштата на организацијата била подобро организирана отколку редовната пошта на [[Отоманската империја]]. Писмата кои организацијата ги испрaќала од [[Солун]] за [[Софија]] пристигале следниот ден <ref><small>''Панде Константин, Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1903, София, 1979''</small></ref> <ref><small>''Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003''</small></ref>. Паралелно со тоа [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]] почнала да собира и финансиски средстава од населението со што почнала да ја неметнува и своја даночна политика, имено за добиените пари организацијата давала расписка (сматка) со печат на [[Централен комитет на МРО|ЦК]], а одземените пари требало да се вратат на населението по ослободувањето на [[Македонија]]. Со текот на времето се поставило прашањето за создавање на едно тело кое надвор од границите на Отоманската империја ќе ги застапува интересите на организацијата и на [[Солунски конгрес од 1903|Солунскиот конгрес од 1903]] година е донесена одлука за формирање на [[Задгранично претставништво|Задграничното претставништво]] кое започнало да егизстира како амбасада на самата Организација <small>''Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995''</small></ref>. Голем исчекор е направен кога во првата половина на [[1897]] година се започнува со формирањето на првите воружени чети кои постепено никнале на целата територија на Македонија со што силно била загрозена власта на [[Отоманската империја]] и Организацијата вистински започнала да ја наметнува својата волја и власт на добар дел од [[Балканот]] <ref name="naziv_na_ref"><small>'Христо Шалдев, Из револуционит борби в Паяк планина, Ил. Илинден, София 1931, 14.''</small> </ref><ref><small>''[[:s:Устав на ТМРО|Устав на ТМОРО]]''</small></ref>. Уште во самиот почеток Организацијата започнала со воспоставување на паралелна судска власт која во почетокот се однесувала на самата [[Македонска револуционерна организација|МРО]] и воопшто на македонското националноослободително движење, биле регулирани односите и постапки на членовите како и на останатаото население кон револуционерното дело. Меѓутоа постепено Организацијата започнува да го убедува неселението да ги бојкотира турските судови и на територијата која била под контрола на Организацијата, почнале да се формираат граѓански судови кои се занимавале со дела и споровите меѓу населението кој не ја тангирале самата Организација.
 
==Извори==