Серски конгрес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 8:
== Работа ==
 
Конгресот посебно се посветил на разгледување на извештаите на делегатите за положбата на [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]] и населението. Било заклучено дека организациската мрежа која била заслабена е повторно зацврстена, разврзана е интезивна дејност, духот на населението е бодро, а целото револуционерно движење станало поцврсто. Конгресот дисутирал и за раководството, а за војводи биле избрани [[Јане Сандански]] - [[Мелник|Мелничко]], Таската Врански - [[Сер]]ско, Скрижовски - [[Разлог|Разлошко]], П. Милев за [[Неврокоп]], Дедо [[Иљо Крчовалијата|Илија Крчовалијата]] и Хаџиев за [[Демир Хисар (град)|Демихисарско]] и Ичко Бојчев за [[Горна Џумаја|Горноџумајско]] <ref name="DZBMN"><small>''Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981''</small></ref>. Дополнително кон тоа бил направен избор за учители по селата и градовите, да се засили агитацијата меѓу другите националности и да се засили просветната дејност. Било посветено внимание и на економските прашања, а меѓу другото било решено да се присилуваат чифликсајбиите да ги продават своите чифлизи, селаните да ги откупуваат и на тој начин да се ослободаат од чифлигарските односи ии да си ја повратат земјата <ref name="IMN"><small>''Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година''</small></ref>.
 
== Извори ==