Солунски конгрес од август 1905 година: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 3:
== Работа ==
 
Конгресот со својата работа започнал на [[10 август]] [[1905]] година и траел три дена. Одлуките кои биле донесени на овој Конгрес се однесувале во целина на [[Македонска револуционерна организација|Организација]] и имале далекусежно влијание <ref name="IMN" /> иако конгресот имал регионален карактер односно на него присуствувале дејци од Солунскиот округ. Конгресот рзгледал голем број на прашања за дејноста на [[Македонска револуционерна организација|Организајата]] и прашања што ја засегале [[Македонија]]. Особено било посветено внимание на меѓународниот аспект кон [[македонското прашање]], одностот на [[Европа]] и балканската држави кон идејата за [[Автономија|автономија]] на [[Македонија]]. Особено била нагласена самостојноста на самата [[Македонска револуционерна организација|Организајата]] и придобивките од тоа <ref name="IMN" />. Конгресот од својата работа ја посветил на идната дејност и се побарало [[Македонска револуционерна организација|Организајата]] да има точно определена програма и да се води сметка за идното можно востание.
 
==Решенија ==
 
Конгресот од својата работа ја посветил на идната дејност и се побарало [[Македонска револуционерна организација|Организајата]] да има точно определена програма и да се води сметка за идното можно востание. Тоа не требало онапред да се определува и на него да се гледа како крајно средство. Било потенцирано дека [[Македонска револуционерна организација|Организајата]] треаба да го подготвува народот за револуција и дополнително засилување на организациската агитација меѓу христијанското и муслиманското население кое се наоѓало во слична положба. Конгресот изнел критика за големината на четите и нивната дејност низ селата <ref name="IMN" />. Било нагласено придружувањето кон веќе постројните статути и било побарано да се изработи еден општ внатрешен правилник за уредување на [[Македонска револуционерна организација|Организајата]], било истаканото дека сите управни институции требало да си ја задржат автономноста, а крузите да бидат независни. Дејноста на сите окрузи требало да биде кординирана од едно централно тело.
 
== Извори ==