Солунски конгрес од јуни 1905 година: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Солунскиот конгрес''' од [[1905]] година е окружен конгрес на [[Солунски револуционерен округ|Солунскиот револуционерен округ]] на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]], тој бил еден воод целата низа на окружни конгреси по [[Илинденското востание]] со цел да се зацврсти [[Македонска револуционерна организација|Организација]] и нејзината мрежа <ref name="IMN"><small>''Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година''</small></ref>.
 
== Работа и решенија ==
 
Првиот конгрес се одржал во [[јуни]] [[1905]] година. Биле разгледани голем број на прашања, а на прво место биле осудени честите убиства и накажувања на симпатизерите на делото како и противниците на [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]] и било побарано да се примени принципот на убедување, а не на казнување. Било истаканто дека дека кон [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]] не треба да бидат привлечени само учителите туку и луѓето од другите средини. Исто така биле разгледани разните злоупотреби на организациските луѓе и тоа било осуден. На овој Конгрес биле разгледани постапките на [[Борис Сарафов]] и се побарало негово судење, а исто така била осудено изедначувањето на активноста меѓу [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]] и [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]]. Била потенцирана самостојноста на [[Македонска револуционерна организација|Организацијата]] и македонското дело <ref name="IMN" /> , се потенцирала автономијата како основа за делување и биле осудени сите преговори за поделба на Македонија на сфери на влијани како идни граници за поделба на земјата.
 
== Извори ==