Прилепски конгрес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 9:
 
=== Прашањето за децентрализација и централизација на Организацијата ===
На Конгресот дошло до спротиставување на две гледишта за поредокот на Организацијата. Имено, [[Дамјан Груев]] се залагал за централистичкиот поредок но не наишол на подршка. Наспроти него била концепцијата на Пере Тошев за децентрализација на Организацијата и тој бил подржан од сите повидни револуционери <ref name="GP"><small>''Петров Ѓорче, Спомени, Коресподенција, (вовед, коментар и редакција Љубен Лапе), Скопје, 1984.''</small></ref>.
 
По најважното прашање — за уредувањето на организацијата, Тошев и Петров се бореа против Груев. Тошев беше изработил еден предлог-статут, Груев — друг. „Мистериозната централизација се отфрлаше, — кажува Ѓ. Петров за првиот предлог, — кога ќе се почне од Ц.К. та до селата, а наместо неа — широка децентрализација. Сложен механизам во вишите раководни установи се предвиде, за да можат сите повидни сили на организацијата да земат учество во делата на организацијата.“ Груевиот предлог застапуваше централистички систем. Беа разгледани и отфрлени како крајни и двата предлози. „И покрај силната мотивација на Пере Тошев, кој меѓу другото се потпираше на расположението и желбата на самото македонско население, неговиот предлог-статут, како крајно децентралистички и којшто не одговараше на една револуционерна организација, не беше прифатен во неговата целост.“ „Истата судбина го снајде и Дамевиот, кој многу слабо го застапуваше изборното начело за раководните тела“, — пишува Георги Поп Христов. На самиот Д. Груев му беше предложено да ги комбинира двата предлози во еден. Груев тоа го направи со соработка на Ѓ. Петров и на други децентралисти, очигледно воден од желбата да се подготви нешто што би било прифатливо од конгресот и во исто време и применливо.
 
Конгресот реши третиот предлог-статут (комбинираниот) да се употреби како експеримент во округот, двата (основни) предлози да се испратат за проучување во другите окрузи, а изработувањето на заедничкиот статут да му се препушти на идниот општ конгрес. Изработен беше исто така и правилник за четите.
 
=== Однос кон пропагандите ===
 
Второ по важност прашање, кое стана предмет на долготрајни и страсни дискусии, беше: становиштето на организацијата кон двете вооружени пропаганди — грчката и српската. Тука, како главни противници, се исправија еден против друг Пере Тошев и Ѓорче Петров. На крајот беше решено да се преземат строги мерки против двете вооружени пропаганди, што беше и ставот на Тошев. Се изработија и посебни директиви за водење на борбата против нив.