Триесетгодишна војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 183:
 
== Шведско-француска интервенција (1636—1648) ==
[[Image:Battle of Lens.jpg|thumb|200px|[[Битка кај Ленс]], 1648.]]
 
[[Франција]] во целина била католичка земја, и како таква била голем конкурент на Светата Римска империја и Шпанија. Во војната застанала на страната на протестантите. Кардиналот [[Арман Жан ди Плеси де Ришелје]] бил прв министер на [[Луј XIII]]. Тој сметал дека Хабсбуршката династија сеуште е премногу опасна за Франција бидејќи во нејзини раце биле голем број на територии меѓу кои и источната граница со Франција и големото влијание кон Холандија. Главно поради овие причини, Франција стапила во сојузот со [[Холандија]] и [[Шведска]]. Генералот [[Јохан фон Верт]] и шпанскиот кардинал [[Фердинанд Хабсбург]] започнале со тивкото управување со [[Шампањ]] и [[Бургундија]], а со тоа ја загрозиле состојбата и на [[Париз]] во [[1636]] година. Австриската армија навлегла во Франција и постигнала привремен успешен резултат. Сепак следувал период во кој империјата на повеќе пати била поразувана. [[Бернхард фон Вај]] и мар-Сакс шведскиот генерал Банер победиле во Германија. По ова следувале победата кај [[Витшок]], превземање на тврдината [[Брајзах-ам-Реин]], сметана за една од најнедостапните во [[Европа]] (1638). Во [[1639]] односно [[1641]] година [[Бернхард фон Вај]] и Банер починале. Фердинанд II бил наследен од [[Фердинанд III (Света Римска империја)|Фердинанд III]] ([[1637]]). Во [[1642]] умира и францускиот кардинал Ришелје, а на негово место застанал [[Џулио Мазарини]], кој ја продолжил истата политика како и својот претходник. Германија била истоштена од војната.