Солунски конгрес од 1903 година: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 14:
== Работа ==
 
Конгресот се отвориотворил на [[15 јануари]], во физикално-математичкиот кабинет на [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|Солунската егзархиска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“]] во [[Солун]]. Не пристигнале поканетите претставници на Штипскиот револуционерен округ и на Тиквешката револуционерна околија. За претседател на Конгресот бил избран [[Иван Гарванов]], претседател на [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]], а за секретар [[Димитар Мирчев]]. На конгресот присуствуваа вкупно 17 делегати, сите до еден легални работници. [[Централен комитет на МРО|Ц.К.]] го претставувале: [[Иван Гарванов]], [[Спас Мартинов]] и [[Димитар Мирчев]]. Делегати станале и двајцата заслужни дејци, тукушто ослободените од неколкугодишно османско заточение, штипските револуционери [[Христо Поп Коцев]] и [[Тодор Лазаров]]. Главнината ја сочинувале претставници од 12 реони и тоа: Од Солунскиот револуционерен реон – [[Иван Сапунаров]], Битолскиот – [[Атанас Лозанчев]], Цариградскиот – [[Никола Петров]], Одринскиот – [[Велко Думев]], Серскиот – [[Лазар Димитров]], Скопскиот – [[Димитар Ганчев]], Струмичкиот – [[Иван Ингилизов]], Велешкиот – [[Тодор Пејков]], Радовишкиот – [[Георги Варналиев]], Гевгелискиот – [[Никола Хрлев]], Кукушкиот – [[Христо Влахов]], Воденскиот – [[Димитар Занешев]].
 
===Одлука за востание===