Солунски конгрес од 1903 година: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
== Свикување ==
 
[[Централен комитет на МРО|Централниот комитет ]] на [[Иван Гарванов]] и [[Задгранично претставништво|Задграничното претставништво]] - [[Христо Татарчев]] и [[Христо Матов]] кон крајот на [[ноември]] [[1902]] година биле решени за кревање на востание. Затоа Гарванов на [[6 јануари]] [[1903]] година[[Јулијански календар|стар стил]] испратил окружно до [[Задгранично претставништво|ЗП]], окружните и околиските комитети со кое свикал Конгрес и ги поканил делегатите <ref name="ht"><small>''Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995''</small></ref>. Меѓутоа еден дел од делегатите немале доволно време да стигнат на Конгресот и најверојатно тоа било и посакувано од [[Иван Гарванов]] <ref name="VG"><small>''Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски Факултет''</small></ref>. [[Гоце Делчев]] бил поканет на Конгресот но неговото појавување било непожелно <ref name="ht" /> . По добивањето на поканата Делчев истакнал:
 
{{Цитатник|''... прашањето (за востание б.н) било наметнато од битолчани, и дека тој не сака да оди за Солун... по Џумајското востание, ситуацијата била затегната во целата земја, дека тоа не може да се толерира како дотогаш, но и дека не треба да се прибегне кон масовно востание, туку да се обмисли нов начин на работа'' <ref name="VG" /> }}
 
== Работа ==