Илинденски пат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: :''За други значења на поимот '''Илинден''' воидете на [[Илинден (појаснување)|појасни...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
:''За други значења на поимот '''Илинден''' воидете на [[Илинден (појаснување)|појаснителната страница]]''
 
'''Илинденски Пат''' бил орган на [[Народно Ослободителен Фронт|Народноослободителниот фронт]] на [[Македонија]], прво месечно централно списание од времето на [[НОБ]]. Се печател во [[Дебарца]], с. [[ЕхловецЕхлоец]], Кичевско и [[Штип]] од [[март]] до [[август]] [[1944]] година.<ref>''Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од почетоците до 1945 година), Скопје, 1980, 426-428''</ref> Било покренато од ЦК на КПМ и ГШ на НОВ и ПОМ во Дебарца, кон крајот на [[1943]] година, но излегувањето било спречено од [[Германска офанзива во Македонија|германската офанзива]]. Првиот троброј бил отпечатен во Дебарца, бр. 4 и двобројот 5 и 6 (од кој не е зачуван примерок) во с. Ехловец, Кичевско, а двобројот 7 и 8 (јули и август 1944) во Печатницата „[[Илинден (печатница)|Илинден]]“ во [[Штип]]. Редакцијата ја сочинувале [[Страхил Гигов]], [[Васил Ивановски]] и [[Веселинка Малинска]]. Првите шест броја биле умножени во мал број примероци на циклостилната техника на ГШ на НОВ и ПОМ, а потоа, според потребите, биле препечатувани од техниките на обласните комитети на КПМ. Автори на текстовите биле [[Бане Андреев-Ронката]], [[Љупчо Арсов]], [[Диме Бојановски-Дизе]], [[Васил Ивановски]], [[Перо Ивановски-Тиквар]], [[Венко Марковски]], д-р [[Кирил Миљовски]], [[Мара Нацева]], [[Лилјана Чаловска]], [[Емануил Чучков]] и др.<ref>''Д-р Боро Мокров – м-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885&1992), Скопје, 1993, 125''</ref>