Априлско востание: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 10:
 
== Текот на востанието==
 
Востанието избувнало во Обориште, каде било нападнато седиштето на локалната полиција. Во текот на две недели, востанието се проширило и во поголемиот дел од Бугарија. Околу 1.000 муслимани биле убиени, а многу повеќе протерени од своите домови. Ова довело до многу брза реакција на османлиските власти. У
 
Уште од првиот ден на востанието (20 април) Високата порта и турското воено министерство дало наредба за мобилизација на армијата. За задушување на востанието бил формиран штаб во состав: Митхад паша, воен министер, Хусеин Авни паша и командант Абдул Керим паша. Кон територијата на Бугарија се упатила војска од околу 10.000 војници. Многу бргу Османлиите постигнале големи успеси. Селата кои ги зазимале биле изложени на ограбување или палење. Според Николај Овчаров, вкупниот број на загинати изнесувал околу 30.000 војници и цивили.