Хонда: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 125:
Хонда како конструктор во Формула Еден за прв пат влезе во сезоната во 1964 во германското Гран При со Рони Бакнум зад воланот. Во 1965 во тимот дојде Ричи Гинтер и го освои првиот поен за Хонда на белгиското Гран При и исто така и ја донесе првата победа на Хонда на мексиканското Гран При. Во 1967 година таа ја доби својата нова победа во италијанското Гранд При со Џон Суртес како нејзин возач. Во 1968 година Џо Шлесер загина во Хонда RA302 за време на француското Гран При. Оваа трагедија во тркањето заедно со нивната комерцијална потешкотија во продажбата на автомобили во САД, предизвика Хонда да се повлече од сите Мото спортови таа година.
 
По 1965 година Брахамс поддржуван од Хонда во 1966 година доминираше на францускиот шампионат во Формула Два кој тогаш беше во рацете на Џек Брахам и Дени Хулм. Бидејќи таа сезона немаше европски шампионат, ова беше најдобриот Ф2 шампионат таа година. Во раните 1980-ти Хонда се врати во Ф2 давајќи му мотори на тимот на Рон Турнак Ралт. Турнак ги дизајнираше Брахам автомобилите во нивното поранешно вклучување. Тие повторно беа екстремно успешни. Во поврзаните вежби, компанијата Engine Developments на Џон Јуд произведе турбо Брахам-Хонда мотор за потребите на Индикар трките. Тој победи на само една трка во 1988 за Боби Рахал во Поконо.
 
Хонда се врати во Формула Еден во 1983 со друг партнер во Формула Два ,односно со тимот Спирит, пред нагло да се сврти кон Вилијамс во 1984. Во доцните 1980-ти и раните 1990-ти моќните автомобили на Хонда победија на 6 последователни Формула Еден конструкторни шампионати. Вилијамс Ф1 ја доби круната во 1986 и 1987 година. Хонда повторно стана верна во 1988. Новите партнери, тимот МекЛарен, ги освоија титулите во 1988, 1989, 1990 и 1991. Хонда се повлече од Формула Еден на крајот од 1992та, иако поврзаната Муген-Хонда компанија постоеше се до крајот на 1999 година и воедно победувајќи на 4 трки со Лигер и Јордан Гран Прито.
 
Хонда дебитираше на CART IndyCar светските серии во 1994 како доставувач на работи. На почетокот моторите беа далеку од компетитивноста, но после развивањето, компанијата придвижи 6 последователни возачи во шампионатот. Во 2003 година Хонда го насочи цел свој напор кон ривалот IRL IndyCar сериите. Во 2004 моќните возила на Хонда со големо мнозинство доминираа над IndyCar сериите, победувајќи во 14 од 16 IndyCar трки вклучувајќи ја и Индианаполис 500. Во 2006 Хонда стана единствениот доставубач на мотори за Индикар сериите вклучувајќи ја и Индианаполис 500. Во 2006 година Индианаполис 500 , за прв пат во историјата на Индианаполис 500, ја помина трката без ниеден проблем со моторот.
 
За време на 1998 година, Хонда сметаше да се врати во Формула Еден со нејзиниот сопствен тим. Проектот беше прекинат после смртта на нејзиниот технички директор Харви Постлетвајт. Наместо тоа, Хонда се врати како официјален доставувач на мотори за Бритиш Американ Рејсинг (БАР) и Гран Прито на Јордан. Хонда купи акции во БАР тимот во 2004 пред целосно да го купи тимот во 2005 и за прв пат да стане конструктор после 1960тата година. Хонда во 2006 победи на унгарското Гранд При со возачот Џенсон Батон. На 5 декември 2008 беше објавено дека Хонда ќе излезе од Формула Еден со непосреден ефект кој се должи на глобалната економска криза во 2008та. Тимот беше продаден на поранешниот директор на тимот Рос Браун и беше преименуван во Браун ГП а сега веќе Мерцедес Бенз ГП.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хонда