Хонда: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 168:
Самото возило не емитува загадувачи и неговите единствени производи се топлина и вода. ФЦХ Кларити исто така има предност пред гас-електричните хибриди во тоа што не користи мотор со внатрешно согорување. Како гас-електричен хибрид, тој ги користи литиумските јонски батерии за да и помогне на ќелиите со гориво во текот на забрзувањето и да зачува енергија преку регенеративното кочење, а притоа подобрувајќи ја ефикасноста на горивото. Недостатокот на водородни бензински пумпи низ развиените земји ќе го намали производството. Хонда ќе ги објави возилата во групи од по 150. Калифорнија е единствениот американски пазар со инфраструктура за полнење гориво во овие возила, иако бројот на места е се уште ограничен. Градењето на повеќе места е скапо, како што одборот за ресурси на Калифорнија додели 6.8 милиони долари за 4 Х2 бензински пумпи, од кои секоја чинеше 1,7 милиони американски долари.
<h3>Маркетинг</h3>
Официјалниот слоган на Хонда е ,,Моќта на соништата”. Таа никогаш не го користела овој слоган за да ги продава своите производи. Верувањето на господинот Хонда е дека добро изградените производи сами ќе се продаваат.
Во 2003, Хонда ја објави својата плот реклама во Велика Британија и на Интернет. За да ја направат рекламата, инженерите на Хонда направија Голдберг машина која беше целосно изградена од делови од автомобил од европскиот домашен пазар на Хонда Акорд (врз чија основа се базира УСДМ Акура ТСХ). На разочарување на инженерите на Хонда, сите делови се земени од само две од шест рачно собрани предпродукциски модели на Акордот. Рекламата прикажуваше еден плот кој тргнува од синџир на настани кои завршуваат со движењето на Хонда Акорд и Гарнизон Кеилор кој зборува во позадина ,,Зарем не е убаво кога работите едноставно......работат?” Беа потребни 606 сета за таа да биде совршена.
Во 2004 тие ја продуцираа –Мрази Нешто- рекламата вообичаено веднаш припратена со скратена верзија на рекламата за –Невозможен сон- од 2005-2006.
Во 2006, Хонда ја објави својата Хор реклама наменета за Велика Британија и Интернет. Таа преставуваше хор од 60 луѓе кои пееја како врева од автомобил што претставуваше филм за Хонда Цивик.
Во декември 2005, Хонда ја објави две минутната панорамска реклама- Невозможен сон- снимена во Нов Зеланд, Јапонија и Аргентина која го илустрира сонот на основачот да изгради ефикасни возила. Додека ја пее Невозможен сон, човекот го зема својот тркачки шлем, го става својот трејлер на минибајкот, тогаш вози различни Хонда возила, мотоцикл, а потоа автомобил, потоа моторница, и тогаш оди преку еден водопад само за да се појави како пилот на еден воздушен балон, и како што песната завршува Гарнизон Кеилор вели ,,Јас не би можел да речам подобро за себеси”. Песната е од мјузиклите од 1960-тите –Човек од Ла Манча- испеана од Енди Вилијамс.
Во Австралија, Хонда најмногу се рекламираше за време на најголемите трки со мотори и таа беше официјален спонзор на ФИА Формула Еден во 2006 на емитувачкиот канал Десет. Всушност, тие беа само производителот кој беше вклучен во Инди Рејсинг Лигата во сезоната за 2006. Во серијата од реклами кои ја промовираа историјата на Хонда, Хонда тврдеше дека тие градат коли кои освојуваат 72 победи во Гран Прито на Ф1. Скептиците ја обвинија Хонда дека ја интерпретира својата тркачка историја многу либерално, велејќи дека сите од 72 победи се постигнати со моќните машини на Хонда, додека самите автомобили биле изградени и дизајнирани од страна на Лотус на Ф1, Вилијамс Ф1 и Мекларен Ф1 тимовите. Сепак, поранешните и сегашните вработени во тимот на Мекларен Ф1 тимот потврдија дека Хонда придонела повеќе од тоа што таа произведува мотори и создала неколку видови на шасии, обработка и аеродинамични делови како и финансирање. Аиртон Сена, најголемиот Ф1 возач на сите времиња, постојано повторува дека Хонда веројатно ја одигра најважната улога во неговите три светски првенства. Тој многу го почитува основачот Сочиро Хонда, а исто така е во добри односи и со Нобухико Кавамото, претседателот на Хонда во тоа време. Сена еднаш ја нарече Хонда – најголемата компанија во светот. Сепак, најголемиот дел од победите кои и се препишуваат на Хонда во рекламите биле победени од страна на автомобилите на Формула 1 кои не беа ниту изградени ниту дизајнирани од Хонда, или имале мала или никаква врска со тековните Ф1 операции на Хонда.
За последните неколку години во САД, за време на затворањето на продажбата за тековната година пред почетокот на новата модел- година, за рекламирањето Хонда имаше нов анимиран карактер едноставно познат како господин Можност, изразен преку Роб Паулсен. Обичниот човек зборува за различни договори понудени од страна на Хонда и завршува со фразата- Јас сум господин Можност- и потоа е проследено со негово тропање на екранот на телевизорот или со тупнување на звучникот на крајот на радио рекламата. Исто така, рекламите за интернационалниот хечбек на Хонда, Џезот, се пародии на добро познатите слики на поп културата Тетрис и Томас Резервоарот Мотор.
Како дел од нивната маркетинг кампања, Хонда е официјален партнер и спонзор на националната хокеј лига, Анахеим Дакс на НХЛ, и на арената која е именувана по нив- Хонда центар. Хонда исто така е спонзор и на лигата во голем фудбал. Кон крајот на 2006 година, Хонда објави реклама со Асимо кој истражува музеј и ги гледа експонатите со чудење како на дете (ширејќи ги рацете во воздух, поздравувајќи еден костум за астронаут на кого тој личи, итн.), додека Гаризон Келиор размислува за напредокот. Таа завршува со реченицата- Понапред молам!-.Хонда исто така ја спонзорираше покриеноста на ИТВ на Ф1 во Велика Британија за 2007 година. Како и да е, тие најавија дека нема да продолжат во 2008 што се должи на цената која беше побарана за спонзорството од страна на ИТВ и која беше превисока.
Во мај 2007, се фокусира на нивните предности во дербито и употребата на црвената Х значка, симбол за она што се нарекува Хондаментализам. Кампањата ја нагласува должината до која одат инженерите на Хонда со цел да дојдат до најдлабоката внатрешност на моторот, без разлика дали се работи за велосипеди, автомобили, моторници па дури и пешаци. Хонда ја објави својата Хондаментализам кампања. Во ТВ спотот, Гарисон Келиор вели: Еден инженер еднаш рече да се изгради нешто големо е како да пливаш во мед, додека инженерите на Хонда облечени во бели костуми пешачат и трчаат кон големата светлина, се борат со силни ветрови и летачки остатоци, држејќи се за она што ќе ги задржи за да не бидат одвеани. Конечно, еден од инженерите оди кон црвеното светло, неговата рака е подадена. А веб адресата е прикажана на страната Хондаментализам. Дигиталната кампања има за цел да покаже како посетителите на страната Хондаментализам делат многу карактеристики.
На почетокот на 2008 година, Хонда објави- Проблем на игралиштето. Рекламата ја покажува грижата на Хонда за околината, демонстрирајќи хибриден мотор, поефикасни соларни панели и ФЦХ Кларити, еден моќен, водороден автомобил. Вторите 90 реклами ги карактеризираат големите загатки, вклучувајќи рубикови коцки, големи форми и тридимензионални загатки.
На 29 мај 2008, Хонда во партнерство со канал 4 емитува реклама во живо. Таа покажуваше падобранци кои скокаа од авион над Шпанија и во воздух ги формираа буквите Х-О-Н-Д-А. Оваа реклама во живо беше прогласена за единствена од овој вид на британската телевизија. Рекламата траеше 3 минути. Следниот лет на едниот од двата авиони кои беа вклучени во снимањето резултираше со фатална несреќа бидејќи авионот се преполови додека беше во воздух. Во 2009, американската Хонда објави документарни серии- Сонувај го невозможното- што претставуваше 5-8 минутна веб скица, која се фокусираше на клучните филозофии на Хонда. Тековните кратки филмови вклучуваат неуспех: -Тајната до успехот-, исфрлување на скалите и мобилност 2008. Тие ги извисуваат и вработените во Хонда, како и Даница Патрик, Христофер Гест, Бен Бова, Чи Прлмен, Џо Џонстон и Орсон Скот Кард. Серијата од филмови е преставена на dreams.honda.com.
|