Брус Ли: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Dzoko (разговор | придонеси)
Откажано уредување 1101492 од (95.86.46.16 | Разговор)
Ред 331:
 
'''Исхрана'''
 
Според [[Линда Ли Кадвел]], кратко време откако се преселил во САД, Ли започнал да ја сфаќа [[исхраната]] сериозно и развил интерес за здрава храна, високо-[[протеински пијалоци]] и [[витамински]] и [[минерални]] суплементи. Тој подоцна заклучил дека со цел да се направи тело со високи перформанси, не можете да го храните со брза храна, како и со "погрешно гориво" бидејќи телото ќе реагира споро и невнимателно. Ли исто така избегнувал печена храна и рафинирано брашно, опишувајќи ги како внесување калории што не прават ништо за неговото тело.
 
Тој консумирал [[зеленчук]] и [[овошје]] секој ден. Брус секогаш претпочитал да јаде [[кинеска]] или друга [[азиска]] храна, бидејќи ја сакал нивната разновидност. Некои од неговите омилени кинески јадења биле говедско месо во сос од острига, [[тофу]] и бифтек и црн дроб. Тој, исто така станал поддржувач на [[прехранбени додатоци]], вклучувајќи ги [[Витамин Ц]], [[лецитин]] гранули, полен од пчела, [[Витамин Е]], [[Див трендафил]] (во течна форма), масло од [[пченични никулци]], [[Acerola]] - C и B-листови.
 
Брус Ли мразел [[млечна храна]] иако знаел дека за градење мускули мора да пие [[млеко]] и да јаде [[јајца]]. Како резултат на тоа, тој јадел млечни производи само во вид на [[житарици]] и протеински пијалоци, вообичаено користејќи [[млеко во прав]], наместо свежо млеко. Исхрана на Ли вклучувала протеински пијалоци, тој секогаш се обидувал да консумира по еден или два дневно, но подоцна престанал да ги пие. Тие обично содржеле не-инстант млеко во прав, за кој се смета дека има повисока концентрација на калциум од другите форми на млеко во прав, јајца, пченични никулци, [[путер од кикирики]], [[банана]], [[пивски квасец]] поради неговиот Б витамин и [[Иноситол]] и [[Лецитин]] додатоци. Линда се сеќава дека половината Брус варирала меѓу 66-71 сантиметри. ,,Тој, исто така, пиеше сопствени смеси на џусови направени од зеленчук и овошје, [[јаболка]], [[целер]], [[моркови]] и така натаму, подготвени во електричен блендер", рече таа. [75]
 
Според Ли, големината и бројот на оброци се исто така важни. Тој обично консумирал четири или пет помали оброци на ден, наместо неколку големи оброци, и го забрзувал [[метаболизмот]] преку јадење мали здрави закуски како на пр. овошје во текот на денот. Овошјето и зеленчукот му давале најмногу јаглехидрати, и тој бил особено сакал моркови па така половината од содржината на пијалок била од моркови, а другата половина ја делел меѓу другото овошје и зеленчук. Причината што Ли толку сакал да консумира зеленчук и овошје во течна форма била тоа што тој верувал дека на тој начин телото може полесно да апсорбира хранливи состојки. Ензимите во течниот зеленчук делуваат како органски [[катализатори]] кои го забрзуваат метаболизмот и апсорпцијата на хранливите состојки. Со оглед на тоа дека повеќето од овие ензими се уништуваат при готвење, Ли се обидувал да ги јаде сурови.
 
Ли честопати пиел [[матичен млеч]] и [[жинсенг]] пијалок бидејќи тие содржат Б-комплекс витамини, вклучувајќи висока концентрација на витамин Б5 ([[Пантотенска киселина]]) и витамин Б6 ([[пиродоксин]]), [[ацетилхолин]], хормони, и осумнаесет [[амино киселини]], кои брзо ја зголемуваат енергијата . [76] Во [[традиционалната кинеска медицина]], за Жинсенг се смета дека исто така ја подобрува циркулацијата, го зголемува дотурот на крв, дозволува побрзо закрепнување по исцрпување и го стимулира телото.
 
'''Телесни подвизи'''
 
Феноменалната форма на Ли значела дека тој бил способен за извршување на многу исклучителни физички подвизи. [77] [78] [79] [80] ,,Човек способен да изведува супер човечки подвизи, кои допрва треба да се достигнуваат." [81] Следнава листа ги вклучува некои од телесни подвизи, кои му се припишуваат на Брус Ли.
 
• Брзината Ли на напаѓање со раце спуштени до половината, од 91цм достигнувала пет стотинки од една секунда . [82]
• Ли можел да држи [[тег]] од 34кг со една рака од стоечка позиција на исто ниво со градите држејќи го таму 20 секунди. [83]
• Боречките движења на Ли во тоа време биле пребрзи за да бидат снимени со традиционална камера со 24 фрејма во секунда и да бидат прикажани јасно при премотување па затоа многу сцени биле снимени со 32 фрејма во секунда за поголема јасност. [84] [85] [86]
• При демонстрација на брзина, Ли можел да грабне [[монета]] од отворена дланка на некое лице и да остави [[пени]] пред лицето да ја затвори дланката. [87]
• Ли можел да стои во подигната V позиција 30 минути или подолго. [79]
• Ли можел да фрли зрна ориз нагоре во воздухот и да ги фати при паѓањето со стапчиња за јадење. [88]
• Ли можел да продупчи неотворени лименки од [[кока-кола]] со неговите прсти. (Ова било кога лименките за безалкохолни пијалоци се правеле од многу потенок челик од денешните алуминиумски конзерви). [86]
• Ли правел [[склекови]] со една рака користејќи ги само палецот и показалецот. [80] [88] [89]
• Ли се дигал на вратило 50 пати со една рака. [90]
• Ли можел да скрши дрвени табли со дебелина од 15цм. [91]
• Ли можел да удри страничен удар на боксерска вреќа од 90,72 кг и истата да ја удри во таванот. [80]
• Ли удрил [[страничен уда]]р со нога додека тренирал со [[Џејмс Кобрн]] и искинал боксерска вреќа од 68 кг. [79] [92]
• Во потег наречен ,,Знамето на змејот", Ли можел да ги дигне нозете само со лопатките на работ на клупа и да ги држи нозете и торзото хоризонтално во воздухот. [93]
 
'''Филозофија'''
 
Иако Ли е најдобро познат како борец, тој, исто така студирал драма и филозофија на Универзитетот во Вашингтон. Тој бил начитан и имал богата библиотека. Неговите сопствени книги за боречки вештини и филозофија на борбите се познати по нивните филозофски тврдења и внатре и надвор од круговите на боречите вештини. Неговата еклектична филозофија честопати била контрадикторна на неговите верувања, иако и тој тврдел дека неговите боречки вештини биле само метафора за такви учења. Тој верувал секое учење на крајот доведува до самоспознание, и рекол неговата избран метод на самоизразувањето се боречките вештини. [94] Неговата влијанија ги вклучуваат таоизмот, филозофот и спиритуалист Џиду Кришнамурти и будизам. [95] Џон Литл изјавил дека Ли бил атеист. Кога во 1972 година го прашале која е неговата религиозна припадност, тој одговорил ,,ниедна." [96] Исто така во 1972 година, кога го прашале дали тој верувал во Бога, тој одговорил: "Да бидам совршено искрен, навистина не верувам." [96]
 
Следниве цитати ја рефлектираат неговата филозофија на борба.
 
• "Биди без форма ... без облик, како вода. Ставаш вода во чаша, таа станува чаша. Ставаш вода во шише, водата станува шише. Ставаш вода во чајник, таа станува чајник. Сега водата може да тече, или да лази или да капе или да се судира! Биди вода, пријателе ..."[ 97]
• "Сите видови на знаење, на крајот водат кон самоспознание" [98]
• "Користете го само она што функционира, и земете го од каде било." [99]
• "Не го негирајте класичниот пристап, едноставно како реакција, или ќе создадете уште една шема и ќе се заробете таму." [100]
• "Брзиот темперамент многу брзо ќе ве направи будали." [101]
• "Секогаш учам нешто, а тоа е: секогаш биди тоа што си. Изрази се, имај верба во себе. Не излегувај во потрага по успешна личност за да ја копирате." [102]
• "Не е секојдневното зголемување, туку секојдневното намалување. Отстранете го небитното." [103]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Брус_Ли