Разлика помеѓу преработките на „Владимир Картов“

Додадени 2.506 бајти ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
с (Бот: козметички промени)
Во меѓувреме се запишал на постдипломски студии на факултетот за политички науки во Белград на групата политичка историја на XIX и XX век. Во 1971 година ја одбранил магистерската теза под наслов: „Борбата на македонскиот народ за остварување правото на самоопределување во периодот меѓу двете светски војни“ и се стекнал со звањето магистер по политички науки - насока современа политичка историја. Во октомври 1974 година ја одбранил докторската дисертација на Филозофскиот факултет во Скопје под наслов: „Културно-просветната политика на владејачките режими во Југославија спрема македонскиот народ во периодот меѓу двете светски војни“ со што стана доктор по историски науки.
Во 1975 годна д-р Владимир Картов е избран во звањето доцент на Правниот факултет во Скопје по предметот историја на државата и правото на народите на Југославија, а потоа-за вонреден и редовен професор на Факултетот.
Проф д-р Владимир Картов е автор на голем број научни и стручни трудови, од кои позначајни се следните:
1. Сава Михајлов - Савата, неуморен револуционер организатор и борец за самостојноста на македонското национално ослободително движење., монографија, Скопје, 1977.
2. Историја, учебник, (коавтор), Скопје, 1975 - I издание, 1979 - II издание.
3. Борбата на КПЈ за решавање на националното прашање во Југославија, (монографија),1919-19945, Скопје, 1979.
4. 14-та Македонска народноослободителна бригада, монографија, Скопје, 1980.
5. Историја на државите и правата на Југословенските народи, учебник, Скопје, 1991.
6. Организацијата на востаничката власт за време на Кресненското востание, Скопје,1977.
7. Револуционерната нормативна дејност непосредно пред и за време на Илинденското востание, Скопје, 1979.
8. Востаничката нормативна и правосудна дејност за време на Кресненското востание, Скопје, 1979.
9. Државноправниот статус на Македонија во програмските документи на македонската социјалистичка група до Илинденското востание, Крушево, 1980.
10. Георги Димитров и борбата на македонскиот народ за остварување на правото на самоопределување, 1919-1949, Скопје: „Историја“, 1979.
11. Лењинов допринос постављању и решавању националног питања за време и годинама непосредно после Октобарске револуције, Бања Лука, 1979.
12. Борбата на македонскиот народ за остварување на правото на самоопределување, Скопје,1979.
 
За монографијата на истакнатиот македонски револуционер и близок соработник на [[Ѓорче Петров]] - [[Сава Михајлов]], Картов ја добил ноемвриската награда на Гевгелија, - Златна плакета на општината Гевгелија за [[1977]] година.
Анонимен корисник