Мадрид: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с други поправки
Нема опис на уредувањето
Ред 60:
Иако Мадрид поседува модерна инфраструктура, сепак го задржал изгледот и чувството на многу од неговите историски населби и улици. Во неговите обележја се вклучени огромната Кралската палата на Мадрид; Театро Реал (Кралскиот театар), со негова обнова во 1850 во оперска куќа; паркот Буен Ретиро, основан во 1631; величествената зграда на Националната библиотека од 19 век (основана во 1712), содржи некои од шпанските историски архиви, археолошки музеј и три врвни уметнички музеи: музејот Прадо, во кој е сместена една од најдобрите уметнички колекции во светот, Мусео Насионал Сентро де Арте Реина Софија, музеј на современа уметност, и музејот Тисен-Борнемиса, сместен во реновираната Палата Виљаремоса.
 
==Имиња на градотградови==
 
Постојат неколку теории за потеклото на името „Мадрид“. Според легендата, Мадрид бил основан од страна на Окно Бианор (син на кралот Турхениус на Тоскана и Мантуа) и бил наречен Метрагирта или Мантуа Карпетана. Други тврдат дека оригиналното име на градот е Урсарија („земја на мечки“ на латински), поради големиот број на овие животни, кои биле пронајдени во непосредна близина на шумите, кои заедно сo јаготкиното дрво (мадроњо „madroñо“ на шпански), биле амблемот на градот од средниот век. Древното име на градот Магерит доаѓа од името на тврдина изградена на реката Мансанарес во 9 век по новата ера и значи „Место на изобилство со вода“.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Мадрид