Долгата војна во Унгарија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 20:
На страната на Хабсбуршката монархија биле [[Австрија]], [[Кралство Унгарија]], [[Хрватска]], [[Чешка]], [[Трансилванија]], [[Влахија]], [[Молдавија]], [[Папаска држава|Папската држава]], [[Ферара]], [[Тоскана]], [[Мантуа]] и други. По помали престелки во [[1591]] година, војната започнала на [[29 јули]] [[1593]] година кога војската на Османлиската империја предводена од [[Синан Паша]] започнала воема кампања против Хабсбуршката монархија. [[Османлии]]те ги зазеле градовите Ѓор и Киомаром. Во [[1595]] година бил создаден христијански сојуз од страна на [[папа Климент VIII]], кој бил потпишан во [[Прага]] од страна на [[Рудолф II (Света Римска империја)|Рудолф II]], [[Арон Тиранул]], [[Сигисмунд Батори]]. Целта на сојузот била да се протера Османлиската империја од [[Унгарија]].
 
Регионот по долината на река [[Дунав]] бил од големо значење. Војната главно се одвивала во Кралство Унгарија, [[Трансдунавока]], [[Румелија]] и [[Влахија]]. Во [[1595]] година, христијаните го окупирале Ѓор, [[Вишеград]] и [[Естергом]] и неколку стратешки тврдини, но никако не се ни обидиле да тргнат кон [[Будим (град)|Будим]]. Османлиите започнале опсада на [[Егер]] и во [[1596]] година го зазеле. На т.н. источен фронт се водела војна помеѓу [[Влахија]] и Османлиите, во есента [[1594]] година. Влахија успеала да освои неколку градови и региони <ref> Coln, Emporungen so sich in Konigereich Ungarn, auch in Siebenburgen Moldau, in der der bergischen Walachay und anderen Oerten zugetragen haben, 1596</ref> . [[Молдавија]] исто така ги поразила Османлиите во [[Јаши]]. Биле зазедени и [[Никопол]], Рибнич а по ова се упатиле и кон [[Адријанопол]]. Во еден момент, силите на христијаните се наоѓале на само 24 километри од престолнината [[Истанбул]].
 
Пресвртна точка на војната била [[Битка кај Керестес|битката кај Керестес]], која се одржала на територијата на Унгарија, на 24-26 октомври, 1596 година. Хабсбуршката армија која броела околу 50.000 војници била поразена од страна на Османлиите.
 
По повеќегодишните битки, војната завршила со [[Договор од Житваторок|мировен договор]] потпишан на [[11 ноември]] [[1606]] година во [[Житваторок]]. Според него, Османлиската империја значително се проширила во Унгарија, но султанот го признал императорот како рамноправен. Освен тоа, тој го прифатил укинувањето на годишниот данок кои се плаќал од [[1568]] година.
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија:Конфликти во 16 век]]
[[Категорија:Конфликти во 17 век]]
[[Категорија:Историја на Романија]]
[[Категорија:Историја на Словачка]]
[[Категорија:Историја на Хрватска]]
[[Категорија:Војни на Османлиската империја]]
[[Категорија:Војни на Австрија]]
 
 
[[de:Langer Türkenkrieg]]
[[en:Long War (Ottoman wars)]]
[[ko:장기전 (오스만 전쟁)]]
[[it:Lunga Guerra]]
[[hu:Tizenöt éves háború]]
[[pl:III wojna austriacko-turecka]]
[[pt:Grande Guerra (guerras otomanas)]]
[[tr:1593-1606 Osmanlı-Avusturya Savaşı]]