Разлика помеѓу преработките на „Долгата војна во Унгарија“

нема опис на уредувањето
 
На страната на хабсбуршката монархија биле Австрија, Кралство Унгарија, Хрватска, Чешка, Трансилванија, Влахија, Молдавија, Папаска држава|Папската држава, Ферара, Тоскана, Мантуа и други. По помали престелки во 1591 година, војната започнала на 29 јули 1593 година кога војската на Османлиската империја предводена од Синан Паша започнала воема кампања против Хабсбуршката монархија. Османлиите ги зазеле градовите Ѓор и Киомаром. Во 1595 година бил создаден христијански сојуз од страна на папа Климент VIII, кој бил потпишан во Прага од страна на Рудолф II (Света Римска империја)|Рудолф II, Арон Тиранул, Сигисмунд Батори. Целта на сојузот била да се протера Османлиската империја од Унгарија.
 
Регионот по долината на река Дунав бил од големо значење. Војната главно се одвивала во Кралство Унгарија, Трансдунавока, Румелија и Влахија. Во 1595 година, христијаните го окупирале Ѓор, Вишеград и Естергом и неколку стратешки тврдини, но никако не се ни обидиле да тргнат кон Будим (град)|Будим. Османлиите започнале опсада на Егер и во 1596 година го зазеле. На т.н. источен фронт се водела војна помеѓу Влагија и Османлиите, во есента 1594 година. Влахија успеала да освои неколку градови и региони. Молдавија исто така ги поразила Османлиите во Јаши. Биле зазедени и Никопол, Рибнич а по ова се упатиле и кон Адријанопол. Во еден момент, силите на христијаните се наоѓале на само 24 километри од престолнината Истанбул.