Битка кај Лепанто: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
Во 16 век помеѓу морските држави се водела битка за превласт во Средоземното Море. Најголемо било ривалството помеѓу Хабсбуршка Шпанија и Османлиската империја. Во 1570 година султанот Селим II започнал воен поход, чија цел била да освои островот Кипар и крајбрежните делови од денешните држави Италија и Шпанија. Војната продолжила од 1570 до 1573 година. Римскиот папа Пиј V успеал да организира антиосманлиска коалиција составена од Шпанија и Венеција, позната под името Света лига.
 
== Сили ==
 
Командант на сојузничките флоти бил 24-годишниот Хуан Австриски, вонбрачен син на шпанскиот крал Карл V и полубрат на Филип II. Силите на заедничката Светата Лига била претставена од флота која некогаш не била видена дотогаш во Европа. таа броела повеќе од 300 различни бродови, од кои 108 венецијански галии, 81 шпански галии, 32 галии од папската армија и од другите италијански земји како и 6 галии на Венеција. Вкупниот број на војници бил околу 84 000.
 
Османлиската флота била под команда од Али паша. Вкупниот број на војници бил околу 88 000.