Разлика помеѓу преработките на „Битка кај Лепанто“

Додадени 899 бајти ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
(Создадена страница со: Битката кај Лепанто е поморска битка која се одвила на 7 октомври 1571 година во Патраск...)
 
Битката кај Лепанто е поморска битка која се одвила на 7 октомври 1571 година во Патраски залив|Патрискиот залив, во Јонското Море. Обединетите сили на Светата лига, во која влегувале Шпанија, Џенова, Венецијанската република, Папска држава|Папската држава, Малтешкиот ред, Сицилија, Неапол, Савоја, Тоскана и Парма успеале да ја поразат флотата на Османлиската империја.
 
== Позадина ==
 
Во 16 век помеѓу морските држави се водела битка за превласт во Средоземното Море. Најголемо било ривалството помеѓу Хабсбуршка Шпанија и Османлиската империја. Во 1570 година султанот Селим II започнал воен поход, чија цел била да освои островот Кипар и крајбрежните делови од денешните држави Италија и Шпанија. Војната продолжила од 1570 до 1573 година. Римскиот папа Пиј V успеал да организира антиосманлиска коалиција составена од Шпанија и Венеција, позната под името Света лига.