Хари Потер и Каменот на мудроста: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: неможе -> не може
Ред 54:
Хари го забележува професорот Снејп како го испрашува професорот Квирл за тоа како да се помине покрај Флафи, навидум потврдувајќи си го сомнежот дека Снејп е во потрага по каменот на мудроста за да го поврати Волдеморт во живот. Триото открива дека Хагрид крие јајце од [[змеј]], кое набргу се испилува. Бидејќи чувањето змеј е нелегално, тие го убедуваат Хагрид дека е најдобро да го прати змејот да живее со други змејови. Хари и Хермиона се фатени како се враќаат во спалните соби откако го испраќаат Норбет (змејот) и се приморани да одат на казнена со Хагрид во Забранетата АШума. Во шумата, Хари здогледува како некој прикриен со качула ја пие крвта од повреден [[еднорог]]. [[Фиренз (Хари Потер)|Фиренз]], [[кентаур]], му кажува на Хари дека човекот со качулката е всушност Волдеморт.
 
Не сакајќи Хагрид им кажува на Хари, Рон и Хермиона како да поминат покрај Флафи. Со ова тие решаваат бргу да му кажат се што знаат на директорот, [[Албус Дамблдор]], но дознаваат дека тој е повикан надвор од училиштето на важна работа. Поради тоа тие решаваат самите да тргнат по потрага на каменот пред да биде предоцна. Тие наидуваат на серија сложени магични предизвици поставени од наставниците и на крајот на овие предизвици, Хари сам влегува во тајната соба, и да открие дека срамежливиот професор Квирл, а не Снејп, е во потрага по каменот. Последниот предизвик кој го чува каменот е огледалото на етиблеж. Квирл го присилува Хари да погледне во огледалото и да дознае каде е скриен каменот. Хари успешно се воздржува и каменот се појавува токму во неговиот џеб. Во тој момент Лорд Волдеморт се открива: тој го опседнал Квирл и сега неговото лице е на задниот дел од главата на Квирл. Квирл се обидува да го нападне Хари, но со само допир тој открива дека неможене може да го допре а да не се изгоре. Волдеморт излегува од Квирл и одлетува додека Квирл умира токму кога Дамблдор доаѓа за да го спаси Хари.
 
Додека Хари закрепнува, Дамблдор го посетува Хари и му објаснува се, му кажува и за тоа дека мајка му Лили умрела обидувајќи се да го заштити на Хари. Нејзината невина жртва го снабдила нејзиниот син со античка волшебна заштита против смртоносните магии на Волдеморт. Дамблдор исто така му објаснува дека каменот на мудроста е уништен за да го спречи Волдеморт да некогаш воопшто го искористи. Тој му кажува на Хари дека оние кои сакаат да го најдат каменот, но не и да го ''употребат'', можат да го повратат од огледалото, што е причината зошто Хари можел да го најде. Кога Хари го прашува на Дамблдор зошто Волдеморт сакал да го убие Хари уште кога бил доенче, Дамблдор му ветува дека ќе му објасни кога ќе потпорасне.