Самоилово Царство: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
с Бот менува: сеуште -> сѐ уште
Ред 86:
=== Научни погледи ===
 
Околу прашањето за потеклото и карактерот на Самуиловото царство во историската наука постоелe и сеуштесѐ уште постојат на голем број на дискусии и несогласувања. Преовладувале неколку теории. Тезата дека Самуил е владетел на Првото бугарско царство е отфрлена од едноставна причина што [[Византија]] го уништува Првотобугарско царство во [[971]] година, а тезата дека Роман бил крунисан за бугaрски цар е отфрлена бидејќи бил шкопен и според средновековната традиција неможел да носи царско звање <ref name="Run"><small>''Runciman, Bulgarian Empire, 221''</small></ref><ref name="Ostro" />. Една од постарите хипотези е Дриновљевата теорија за Западнобугарско царство на Шишманови од 963 година но оваа теорија одамна е отфрлена како неточна. Откако оваа теорија била отфрлена во историската наука се спротиставиле две гледишта за [[Самуиловото царство]]. Едната теза е застапувана од страна на бугарските научници и таа е прифатена во голема мера од западната историографија. Според оваа теорија во [[968]] година од Симеоновото царство се одвоило Западнобугарското царство ([[Македонија]]) и според оваа хипотеза, тоа егзистирало покрај Источнобугарското царство кое било освоено од страна на Јован Цимиски додека пак западниот дел успеало да опстои и тоа станало јадрото на [[Самоиловото царство]]. Другата гледна точка која се спротиставила на бугарските научници, најасано и најдетално била изложена од страна на Д. Анастасијевиќ, Хипотеза за Западното Бугарско царство преставена во Гласник на скопското научно друштво 3 (1928) (''L hipotese de la Bulgarie Occidentale Recueil Uspenskij I, 1930, 20 sg.''). Според ова гледиште никогаш во историјата не постоела поделба на Западно и Источнобугарско царство, а Јован Цимиски го освоил целото Бугарско царство и дури потоа во [[976]] година со востанието на Комитопулите против византиската власт и било созадено ново царство во [[Македонија]]. За карактерот на [[Самуиловото царство]], Острогорски истакнува:
 
{{Цитатник|''Идеолошки, Самуиловото царство било поврзано за старото Бугарско царство, затоа и самите негови творци (Самуил и неговите наследници б.н) и Византија го нарекувале бугарско. Бидејќи традициите за царство и патријаршија, освен во Византија, постоеле уште само во Бугарија (се мисли само за Балканот б.н). Самуил ги прифатил тие традиции и го презел наследството на Симеоновото и Петровото царство (Првотобугарско царство б.н), кое паднало под ударите на Византиците. Всушност неговото цартсво (на Самуил б.н) значајно се разликувало од Симеоновото и Петровото царство. И по составот и по карактерот тоа било ново царство. Неговиот центар се преместило према југозапад и Македонија го сочинувало неговото јадро. Ако главниот цил на Самуил би бил воспоставување на строто Бугарско царство, тој секако би се свртел кон бугарските земји и на прво место би се стремел да ги ослободи. Меѓутоа интересот на Самуил кон старите бугарски земји бил впечатливо мал. Во текот на сите негови борби во областите источно од Сердика играле изненадувачки скромна улога, така што изворите скоро и не ги спомнуваат. Ексапнзијата на Самуиловото царство било пред се свртено кон југ'' <ref name="Ostro"> <small>''Георгије Острогорски, Историја на Византија, Народна Књига Алфа, 1998.''</small></ref>}}