Македонска преродба: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
с Бот менува: едукативен -> образовен
Ред 35:
 
MAKEDONSKI PRERODBENICI OD IX VEK
По укинувањето на Охридската Архиепископија во 1767 г. настануваат големи денационализирачки процеси кои го зафаќаат македонскиот народ. Сите верски објекти, кои воедно имале и едукативенобразовен карактер, потпаѓаат под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, раководена од Ромеи-хеленофони. Тогаш започнува елинската пропаганда, која ние по грешка ја нарекуваме грчка (византиска), учејки ги Македонците дела се Елини. За жал, единствена културно-просветна дејност во тоа време, па се до крајот на 19 век, постоела само по црквите и манастирите.
 
Ромеите- Грците, секој кој зборел словенски го нарекувале Воулгар, а јазикот вулгарски, почнувајки од 11 век, заменувајќи го терминот словен, со бугар (Стилпон Курјакидис кој во книгата „Северните етнолошки граници на хеленизмот" стр. 39). Tерминот бугар како синоним за словен се јавува поради тоа што од 1018 г., словенските народи Македонци, Босанци, Срби, Црногорци, итн. Византија ги сместува заедно, во тема Воулгариа, а како Византијците луѓето ги разликувале по територијалната, а не етничката припадност, зборот бугар го заменил зборот словен. Османлиите, ја имаат наследено византиската традиција на поимот бугар, па сите словени во Османлиското Царство ги нарекувале Бугари (Friedman 1975, str. 84). Најдобар пример ќе дадам со Босанците; во 16 век, ерменецот Симеон Лехаци патува низ Турција, азијска и европска; посетувајќи ја Босна, вели дека сите луѓе таму се Бугари и зборат „болгарски“, а нивните села ги нарекува „болгарски села“ (Симеон Лехаци, Путевые заметки, хроника и памятные записи; изучил и опубликовал Нерсес Акинян, Вена, 1936).