Озирис: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: на сила -> насила
Ред 7:
[[Мит]]от за Озирис од Египет е многу сличен со истиот мит од [[Античка Грција]]:
 
[[Реја]], т.е. [[Нут]] (мајката на Озирис) која била жена на [[Хелиос]] ([[Ра]]), имала тајна љубовна врска со [[Кронос]] ([[Себ]], таткото на Озирис). Кога Ра го дознал ова фрлил клетва на Нут да не може да раѓа ни во еден ден, ни во еден месец, ни во една година. [[Тот]] ([[Хермес]]) кој и сам бил заљубен во истата божица, како заблагодарување за наклоноста што ја имал од неа, се коцкал со [[Месечина (божество)|Месецот]] и од него го добил седумнаесеттиот дел од неговата светлост кој чини пет дена, кој тој подоцна ги додал на триста и шеесетте дена од кои претходно се состоеле годините. На тие пет додадени дена Нут родила повеќе богови. На првиот го родила Озирис, при што на Земјата се разгласило дека „се родил господар на целата Земја“. На вториот ден се родил [[Ароуерис]], кој [[Антички Грци|Грците]] го нарекуваат [[Аполон]], а се нарекува и [[Хор Постариот|Хор (или Ор) Постариот]]. На третиот ден на свет дошол [[Сет]], т.е. [[Тифон]], кој на силанасила излегол на свет преку раната што ја нанесол на мајчината слабина. [[Изида]] е родена во четвртиот ден во мочуриштата во Египет, а на последниот ден е родена [[Нефтида]] (или Нефтис), кои некои ја викаат [[Телеута]] и [[Афродита]], а други [[Нике]]. Озирис се оженил со [[Изида]], а Сет, пак, се оженил со Нефтида.
 
Откако Ра ја напуштил земјата за да владее со [[небо]]то, Озирис станал [[крал]] на Египет. Тој се посветил на цивилизирање на својот народ, да го обрати од скудниот и варварски начин на живот и од практикување на [[канибализам]]; ги учел да држат култ кон [[плод]]овите на земјата и да живеат според законот на [[Маат]] (Божицата на редот, правдата и законот). Ги упатил во должноста за почитување и обожување на Боговите. Тој потоа почнал да патува по другите земји за да ги убедува луѓето да ги прифатат неговите [[поука|поуки]], но не ги принудувал со сила, туку по нивна слободна волја. Сет пак сакал да го да отстрани Озирис од власта, за да тој стане крал, па при враќањето на Озирис во земјата, сковал завера против него со уште седумдесет и две луѓе. Имено, на една фешта што ја организирал со неговите заговорници со лага го наговорил Озирис да легне во еден мошне убав ковчег, украсен со орнаменти, при што заговорниците веднаш прискокнале, го спуштиле поклопот, го заковале со клинци и го залеале во растопено олово, па го превезле преку некоја утока на [[Нил]] до морето.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Озирис