Јосип Броз-Тито: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: кој што -> којшто, сеуште -> сѐ уште, Референци -> Наводи, Април -> април; козметички промени
Ред 56:
Во питомиот загорски крај, на реката Сутла, на границата меѓу Словенија и Хрватска се наоѓа малото село Кумровец. Така, во селанско семејство, како седмо од петнаесетте деца на Хрватот Фрањо Броз и Словенката Марија Јавершек, се роди во 1892 година, Јосип Броз.
Јосип вели:
:"{{Цитатник|Не им беше лесно на моите сиромашни родители да се грижат за нас. Моравме да работиме од најраната младост. Ние немавме детство. Одевме на училиште, но моравме да ги вршиме и сите други работи, така што најмалку можевме да му се посветиме на училиштето и на учењето. Но, ние сепак настојувавме да постигнеме нешто од она знаење какво што можеше да се добие на тогашниот степен на развојот, пред 70 и повеќе години.
Гледате, јас морав да работам од својата шеста година па до денес. Поминав низ сите фази, низ сите тешкотии што еден човек може да ги помине. Поминав низ две војни. Во првата бев војник, подофицер, а во втората командував. Сè стекнував самостојно, се воспитував и изградував самиот себе си. Беше тоа она што мене ми го даде мајка ми; јас се придржував до тие нејзини совети. Мајка ми беше строга и справедлива жена. Беше и набожна. Нас децата нè имаше многу, осум умреа, а седум од нас останаа живи. Но, таа секому од нас му го посвети своето внимание и строго нè воспитуваше... Чеснонста што треба да го краси човекот таа ја всади во нас, во своите деца, и во мене лично. Во своето детство морав секој ден да го вртам тешкиот камен за мелење жито, зашто беше луксуз да се носи пченка в мелница. Стотина пати во текот на денотдобро ќе се испотев. Моето детство, како што гледате - зборуваше Јосип Броз - беше тешко. Во семејството бевме многу деца и не беше лесно да се води грижа за нив. Често ни леб немаше достатно и затоа се случуваше мајка ми, за да ги распредели правилно резервите од пченкарно брашно што ги имаше, да мора да го заклучува килерот во кој се наоѓаше лебот, а ние, децата, добивавме само толку колку што сметаше таа дека може да ни даде, а не колку што можевме да изедеме. Уште во месец јануари татко ми Фрањо мораше да купува леб, односно пченка, зашто за пченица нашата куќа немаше достатно средства. Купувавме преку, во Словенија и Шемптар."}}

Трогателно е едно сеќавање на Броз за детството - родителите не биле дома, а изгладнетите деца со нетпрение ги чекале. Јожа се качува на таванот и ја симнува свинската глава, чувана за некој празник. Ја сваруваат на свој детски начин и навалуваат на гозба. Но наместо барем еднаш да се сетат задоволство од ситост, децата се разболуваат. Интересно е сеќавањето на Броз за лукното:
:"{{Цитатник|Тоа е една обврска уште од феудалното време што се беше задржала во Кумровец до моето детство. По Божиќ, за Нова година, пред вратата на секоја селска куќа ќе се појавеше фратарот од Клањац со крстот в рака, а по него клисарот со вреќа. Фратарот ќе ја напишеше на вратата со креда: "Anno Domini...", то ест, ќе ни ја честиташе Новата година, а домаќинот мораше да му даде неколку кила пченка или клопче лен (повесмо) во златна боја или две форинти, што во она време значеше две надници... А ние секогаш по Божиќ моравме да купуваме пченка и лесно е да се замисли како ние, вечно гладни деца, го гледавме клисарот како ја трупа нашата пченка во својата вреќа."

Во своето родно место го завршува основното училиште. Меѓутоа, ни деновите во училиштето не беа среќни. Сеќавајќи се на тие денови, Тито зборуваше:
:"Тешко се учеше тогаш. Бев на работна сила. Никогаш немаш време за учење - чуваш добиток, копаш... Одиш на ливада да ја чуваш кравата, а ќе ја земеш в рака книгата и сакаш да учиш, но од учењето нема ништо. Кравата те влече за јажето, таа оди право в туѓа нива... Детство навистина немав."}}

Бидејќи Кумровец и Загорје беа премногу сиромашни, по завршувањето на основното училиште мораше да замине далеку од дома. Во својата петнаесетта година, испратен со грижлив поглед од кајка си, тој заминува во светот. Оди во Сисак, на келнерски занает, што не го сака.

:"{{Цитатник|А јас сакав - се сеќава Јосип Броз - кога бев мал да станам кројач... Јас како дете сонував да... им шијам облека на татко ми и на браќата и на сите дома..."}}

А за учењето на келнерскиот занает раскажуваше:

:"{{Цитатник|Јас ништо не учев таму. Бев обичен слуга за сите работи и работев ден и ноќ. Згора на тоа, морав од вечерата до длабоко во ноќта, по дневната работа, да наместувам тегли, да престојан на мозенозе се додека не си одеше последниот гостин."}}

Јосип Броз го менува занаетот и од 1907 до 1910 година посетува занаетчиско училиште, во кое покрај стручните предмети се здобива со знење и од хрватскиот јазик, историјата и географијата. Од тоа училиште Броз понесува светол спомен за еден свој наставник:
:"{{Цитатник|Најмил ми беше наставникот по хрватски јазик, некојси Деспот, висок Херцеговец, чијшто лик ми остана во жив спомен... Ги изужувавме "Горски Венец", "Смртта на Смаил-ага Ченгиќ". Во почетокот не го сакав многу Деспот, зашто беше премногу строг. Но тоа мое мислење за него знаеднаш се измени. Тој се ожени со една девојка што многу ја сакаше, некогашна негова ученичка. Таа млада жена умре при породувањето. Минувајќи еднаш покрај гробиштата, го видов својот учител како лежи на гробот од жена си и плаче како дете... Бргу се иставив за да не забележитој и оттогаш спрема него одгледував некое чудно почитување... Цели три години никогаш не го видовме насмеан..."}}

Во браварската работилница на мајсторот Карас, во хрватскиот град Сисак, Јосип Броз чиракуваше три мачни години. Се работеше од изутрина од навечер. Тука, во работилницата, и се спиеше. Учењето во занаетчиското училиште, како и работата во работилницата на мајсторот Карас, придонесоа Јосип брозБроз брзо да созрее. Кај него се разви голема љубов кон книгата, исто како и други видови љубопитство, особено интересот за историјата. За жал младиот Броз ов таа работилница далеку повеќе се среќаваше со суровоста на животот. Тоа беше секојдневно малтретирање дури и тепање. Шлаканицата што ја добил кога на другарите им читал за подвизите на Шерлок Холмс, Броз ја запаметил засекогаш:
:"{{Цитатник|Шлаканицата што ја добив - прикажуваше подоцна Јосип Броз - тешко ме погоди, па решив да избегам, иако тоа беше последниот месец од моето тригодишно учење на занаетот."

Во работилницата Броз се среќаваше со луѓе од разни националности и различни политички определувања. Тука ги добиваше и вистинските пријателства, меѓу кои и оние што беа проникнати со чуството за заединчката припадност кон класата на угнетените, како и блискоста на политичките уверувања. Јосип Броз посебно се сеќава на еден млад човек од тој период кој дошол во оваа работилница во 1909 година од Загреб, од поразвиена и политички посложена средина.}}

Тој младич се викал Шмит. Јосип броз се сеќава на него како на изворедно убаво и смирено но решително момче.

:"{{Цитатник|Носеше црвена шамија и ги сакаше сите чираци околу себе. Никогаш не нè тепаше... За Први мај ни зборуваше дека тоа е работнички празник, дека сите треба да донесеме зеленило и цвеќиња и тој ден свечено да ја украсиме нашата работилница."}}

Во истата работилница се запозна Јосип Броз и со синдикалната организација, со нејзините цели и задачи. Ги запознава и работникот Гашпариќ, кој со неколку други помошници се состанувал во гостилницата "Ловечки рог", каде што се договарале за ораганизирањето на синдикатот и за други акции.

:"{{Цитатник|Ние чираците - раскажуваше Јосип Броз - не смеевме да наминуваме во гостилницата. Но кога мајсторот ќе нè испратеше да му донесеме пиво, љубопитно ѕиркавме во просторијата во која се состануваа Гашпариќ и другите помошници".}}

Гашпариќ, според сеќавањата на Јосип Броз, го поттикнувал размислувањето за општествените нееданквости.

:"{{Цитатник|Ни зборуваше дека социјалдемократите најмногу се борат против капиталистичкото експлоатирање, а исто така и против поповското заглупување. Мене ми се допаѓаше и едното и другото...Занаетот го завршив во 1910 година и веднаш побрзав во Загреб да барам работа, но не ја најдов - подоцна се присетуваше Тито".{{Цитатник|

:"Занаетот го завршив во 1910 година и веднаш побрзав во Загреб да барам работа, но не ја најдов - подоцна се присетуваше Тито".

Барајќи работа, тој ја крстосува целата Австро-Унгарска Монархија. И насекаде младиот Броз присуствува на работнички собири и внимателно слуша што говорат водачите на работниците и социјалистите. Се води борба за живот достоен на човек, за поголеми надници и општествена правда, а сето тоа се совшаѓа со она што и тој самиот го чуствува како работник. Историски гледано, бурното време во кое ЈОсип Броз учеше занает, работеше и работилници и живееше в град - се сеќаваше со пообразовани луѓе и со класно определени пролетери - придонесуваше за негово брзо осознавање, созревање и класна ориентација. Кога по неколку години, веќе иако браварски пмомошник, се појавува во својот заспан Кумровец, родителите, роднините и соседите го слушаат секој негов збор со љубопитство и одобрување. Престојувајќи во Кумровец, Јосип Броз му помага на својот брат Драгутин да прави црепови и цементни инки за канали. Иако во немаштија, топлината на родителскиот дом и стравувањето неговото заминување да не ги натажи најблиските го заджува во Кумровец, иако прикасуваше пак да појде во светот. Го охрабруваат самите родители. И тие се тажни што син им, веќе завршен занаетчија, чмае во зафрлено село.
:"{{Цитатник|Ми беше... тешко. Решив повторно да заминам од дома и да се обидам некаде да најдам работа, иако беше криза"}}

Барајќи работа, работејќи во различни работилници, Јосип Броз повторно се среќава со луѓе со различни политички погледи. Во него се повеќе се разгорува класната свест и се создава отпор спрема експлоататорските слоеви иклерот, кој и идејно и во практичното дејствување беше најнепосреден и најнеорганизиран противник на социјалистичките идеи. Во тој период Тито рече:
:"{{Цитатник|Во тоа време - се водеше, особено од страна на поповите, бесна кампања против социјалистите и Први мај. Поповите говореа во црквите дека социјалистите се ѓаволи, дека ќе оди в пекол секој што ќе земе учество во првомајската поговорка. Таа пропаганда имаше дејство дури и меѓу работниците, а особено меѓу нивните жени. Се сеќавам на овој случај: Минувавме по Илица во поговорка. Покрај мене беше седен мој постар другар, женет. Се случи тука, во Илица, да се најде и неговата жена со детето и да ја гледа поговорката. Кога наидовме ние, детето наеднаш извика: "Мајко, мајко, ене го и татко меѓу ѓаволите..."}}

По работата во Љубљана Јосип Броз заминува во Камник, кадешто работи во фабрика за метални стоки, до нејзиното банкротирање. Тогаш главниот работоводител ги наговорува да заминат во Чешка, во местото Јинце-Ченков, каде што, според неговото тврдење, ќе најдат работа во металска фабрика за производство на челични каси. Добиајќи некоја пара за пат, група работници се упатуваат во Чешка. На железничката станица ги пречекуваат чешките работници од таа фабрика, им објаснуваат дека се наоѓаат во штрајк и дека, ако ја прифатат работата како штрајкбрехери ќе ги оневозможат своите чешки класни другари да ја поправат својата материјална положба.
:"{{Цитатник|Од станиата - се сеќава Броз - сите заедно отидовме во Работничкиот дом. Решивме да не одиме на работа. Управата на претпријатието виде дека не ќе може да не искористи како штрајкбрехери и мораше да попушти пред барањата на нејзините работници. Тие тогаш добија зголемување, а со нив добивме поголеми плати и ние што дојдовме од Словенија."}}

По работата во Чешка и Рур, на пат кон татковината, се вработува во Виена. Тоа беше во 1912 година, кога изби Балканската војна. За тоа Тито вели:
:"{{Цитатник|Добро се сеќавам на тие денови. Возбудувањето во Виена беше големо... Весниците донесуваа опширни извештаи за фронтовите на Балканот. Се разбира, повеќето виенски весници ја фалеа турската војска и сакаа нејзина победа. За жал, и меѓу работниците во оваа фабрика во Виена, иако мнозинството од нив беа социјалдемократи, владееше, под влијанието на тој печат, слично расположение. Но огрманата работилница, во која работевм, мене дури и ме задеваа поради тоа што сум Хрват и што сакам да победат Србија и другите балкански држави. Одвреме-навреме за време на работата ќе дофрлеш: "Кробот, Кробот!". Мене еден ден ми здодеаја тие навредливи шеги, па му пријдов на работникот кој извикуваше така и му реков да престане веќе еднаш со тоа. Тој замолча и повеќе немаше такви шеги. Наскоро потоа дојде до големи победи на балканските народи над Турците. Во есента на 1913 бев повикан како регрут во австро-унгарската војска, зашто Хрватска се наоѓаше во рамките на хабсбрушкото царство. Служењето во австриската војска не ми се допадна од повеќе причини. Тоа беше, пред се, угнетувачка војска, која го држеше во ропство не само мојот народ, туку служеше како средство за поробување на другите народи. Второ, тоа беше слаба војска како војска. Во неа царуваше дрилот, стари формули, правилници, фоопшто на војникот не му се дозволуваше да покаже каква и да е иницијатива... Никогаш не ќе го заборавам мојот прв ден во австроунгарската војска. кога стапив во војската имав, како и сите млади луѓе, фризура. Јасно ми беше дека војниците мораат да бидат острижени, но начинот на кој беше сторено тоа длабоко ме навреди. Уште на вратата ме пречека капларот: "О, господин социјалист, и Вие сте тука. Молам, дојдете јас да Ви ја уредам Вашата коса". Ја грабна машината за стрижење и ми направи крст низ косата. Имаше многу работи со кои не мачеа. Моравме веднаш да го научиме напамет целото родословје на куќата Хабсбург. Се сеќавам на еден мој земјак кој остана во Кумровец и работеше како земјоделец. Беше обично селско момче и неможеше брзо да ги научи долгите имиња на надвојводите и другите членови на кралската куќа. Капларот тогаш го казни. Несреќниот младич мораше да се качи на големата, незагреана печка во собата во која спиевме, да клекне, па постојано да удира со прст по глава и гласно да повторува: "Јас сум глупав, јас сум глупав." Што се однесува до мене, служејќи во австроунгарската војска си поставив задача добро да ја изучам воената вештина."

Uчејќи ги воените вештини како исклучителен мечувалец, Јосип Броз е упатен, како најдобар претставник на неговиот полк, на натпревар во Будимпешта во 1914 година. Постигнува посебно добри резултати во флорет и бодеж, освојувајќи при тоа сребрен медал. Маршеви и паради, забрзано вооружување и други воени подготовки се одвиваа тогаш во цела Европа. Дојде и до прочуениот сараевски атентат - Гаврило Принцип, член на револуционерната организација "Млада Босна", со револверски истрели го уби австрискиот престолнаследник и неговата сопруга.}}

== Прва светска војна ==