Маврикиј: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: an:Mauricio I
с Бот менува: се додека -> сè додека, немајќи -> не мајќи
Ред 13:
'''Маврикиј Тибериј''' ([[Латински јазик|лат.]]''Flavius Mauricius Tiberius Augustuss'', [[Грчки јазик|гр.]]''Φλάβιος Μαυρίκιος Τιβέριος Αύγουστος'', [[Ерменски јазик|ерм.]]Մավրիկ, Mavrig;) бил цар на [[Византија]] од [[582]] година до [[602]].
 
Маврикиј се родил во богата [[Ерменци|ерменска]] фамилија во градот Арабис,[[Кападокија]]. На почетокот на својата кариера бил нотар, но подоцна влегол во војската. Се истакнал во борбите со [[Персија|персијците]], најповеќе со победата во [[581]] година, по која се оженил за Константина, ќерка на императорот [[Тибериј II Константин]]. Така станал совладетел, а по смртта на Тибериј и император на Византија. Наследил империја во тешка состојба - на исток во војна со [[Персија]], на запад совладана од словените, плаќала големи даноци на [[Авари]]те, а државната каса била речиси празна. Сепак во [[586]] неговите војски ги победиле персијците. Неговите реформи ги смалиле трошоците за војската, што предизвикало буна во [[588]] година, но тоа не го спречило да им се спротивставува успешно уште две години на персијците, сесè додека не бил симнат од престолот царот [[Хормизд IV|Хормизд]]. Маврикиј го поткрепил новиот [[Хозрој II]]. Така успеал да добие мир на исток и можел да преземе акции на запад. Во [[583]] Аварите зазеле неколку дунавски тврдини, а во 586-587 стасале до [[Адријанопол]]. Во [[593]] година неговиот генрал Приск ги победил неколку пати Аварите и презел поход против словените во денешна [[Романија]]. Но императорот, немајќине мајќи доверба во него го вратил назад и ставил начело на војската својот брат Петар. Тој се покажал како неспособен војсководец и тогаш словените и Аварите прв пат опсадиле [[Солун]]. Во [[589]] Приск бил вратен и империјата успеала во следната година да заклучи мир со Аварите. Маврикиј сакал војските да зимуваат во непријателските земји, но оваа стара римска традиција ги побунила војниците. Тие се кренале под водството на [[Фока (византиски цар)|Фока]]. Припадници на Зелената партија, која била против Маврикиј, ги отворила вратите на [[Константинопол]]. На 23 ноември Фока бил крунисан за император, а неколку денови подоцна Маврикиј со неговите браќа и синови биле убиени.
 
{{Шаблон:Византиски владетели}}