Ката Лахтова: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
с Бот менува: кое што -> коешто
Ред 6:
Во својата долгогодишна работа и активност од ослободувањето на земјата до крајот на нејзиниот живот (24 февруари 1995 година), се здобила со богато искуство, извршувајќи притоа повеќе одговорни раководни должности и функции во органите на Републиката и во општествено-политичките организации. Била секретар на Околискиот комитет на [[Сојуз на комунистите на Македонија|КПМ]] во Радовиш, член на Управата за агитација и пропаганда на ЦК СКМ, секретар на Општинскиот комитет на КПМ - Охрид, секретар и претседател на Комисијата за статутарни прашања на СКМ, член на Централниот комитет на СКМ, член на Главниот одбор на Народниот фронт на Македонија, претседател на Конференцијата за општествена активност на жените, член на Секретаријатот на Сојузниот одбор за општествената положба на жените на Југославија, делегат на Собранието на СРМ во Собранието на [[Социјалистичка Федеративна Република Југославија|СФРЈ]], претседател на Општествено-политичкиот одбор на Собранието на СРМ и потпретседател на Собранието.
Својствено за времето во кое штокоешто дејствува и работи, Ката Лахтова се пројавува како голем борец за развој на општествено-политичкиот и економскиот живот, за изградбата на општеството врз самоуправни односи, за доминантната улога на работничката класа, а се залага и за развивање и јакнење на братството и единството, рамноправноста и заедништвото на македонскиот народ и народностите.
Со своите работни, стручни и морално-политички квалитети и способности се стреми за примената и развивањето на колективната работа и одлучувањето, за остварување на личната и колективната одговорност, а се пројавува и како борец против антисоцијалистичките и антисамоуправните појави, како и против сите видови национализам, сепаратизам, шовинизам, иредентизам итн.