Историја на Европската Унија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Бот менува: на сила -> насила, интернационални -> меѓународни
Ред 6:
== Етапа 1: Од крајот на Втората светска војна до ЕЗЈЧ ==
 
Втората светска војна покажа, многу повеќе од сите други претходни настани, во колкава мера неограничениот национализам им се заканува на мирољубивите односи меѓу државите и какви сé огромни последици се поврзуваат со тоа во ерата на оружјето за масовно уништување. Во втората половина на 40-тите и првата половина на 50-тите години, токму поради овие причини на меѓународно ниво дојде до основање на цела низа организации, коишто требаа да се грижат за делумно уредување на соживотот, како на политичко, така и на економско поле. Пред сé треба да се споменат: Обединетите нации (Октомври 1945), Меѓународниот монетарен фонд (стапи на силанасила во 1945 година)и GATT (General Agreement on Tariffs and Trade, стапи на силанасила во јануари, 1948).
Катастрофата од Втората светска војна од разбирливи причини во Европа беше примена со уште поголемо ужаснување. Уште во почетокот на 40-тите години таму се развија мрежи помеѓу движењата на отпорот, во коишто се размислуваше за повоено европско уредување, што се базираше на соработка, наместо на конфронтација. Овие идеи и убедувања на „Европејците“ го најдоа својот одраз во мај 1948 година, на Првиот Хашки конгрес за европско единство, на кој учествуваа околу 750 делегати-членови на недржавни организации како на пример различни национални сојузи и наднационални организации. Соодветни импулси беа дадени и на ниво на влади и доведоа до основање на Советот на Европа, чијшто статут беше потпишан во мај 1949 година од страна на основачите - кога со основањето на Советот на Европа настана првата европска организација, се навршуваа точно 4 години од завршувањето на војната.
 
На сите досега споменати интернационалнимеѓународни и европски организации им беше заедничко, тоа што во сите случаи стануваше збор за чисто меѓудржавни форми на соработка, иако на Хашкиот конгрес таканаречените „федералисти“ покренаа многу подалекусежни барања во врска со Советот на Европа. Поборниците за европски сојуз на држави, како повисока форма на единство, бараа можности за достигнување на повисок степен на интеграција, барем во поединечни области, со надеж дека на тој начин ќе дојде до проширување на областите на кооперација. Од француска страна беше понуден конкретен предлог за една стратегија во индустријата за јаглен, железо и челик, која им излегуваше во пресрет на националните интереси. На овој начин на соработка на ова поле, би се држел на око развитокот на геманската тешка индустрија, а би можел да се унапреди и процесот на германско-француското помирување.
 
Затоа, во мај 1950 година францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман приложи еден план за создавање служба за контрола на производството на јаглен и челик во СР Германија и Франција, таканаречениот Шуманов план. Само еден месец по приложувањето на планот беше свикана владина конференција која се занимаваше со овој предлог, а во април 1951 година во Париз дојде до потпишување на договорот за основање на Европската заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ) од страна на Франција, СР Германија, Италија, Белгија, Луксембург и Холандија.
Ред 26:
== Од ЕЗЈЧ до основањето на Европската економска заедница ==
 
Втората етапа го опфаќа периодот од стапувањето на силанасила на ЕЗЈЧ-договорот па сé до основањето на Европската економска заедница (ЕЕЗ). Откако во 1954 година пропаднаа амбициозните планови за една Европска одбранбена заедница - а со тоа и за една Европска политичка заедница - значи за една наднационална соработка во високополитичка и сензибилна област, се постави прашањето „што сега“? Во оваа ситуација, владите од земјите на Бенелукс приложија предлози за понатамошни чекори за интеграција, коишто беа сконцентрирани на економската област.
 
Кон средината на 1955 година, на една конференција во Месина, предлозите на земјите на Бенелукс беа многу позитивно примени од страна на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕЗЈЧ. Беше поставена комисија од претставници на влади под претседателство на белгискиот министер за надворешни работи Пол-Хенри Спаак, којашто требаше да изработи извештај, а на преговорите ја покани и Велика Британија, но таа се повлече во ноември 1955 година, не гледајќи можности за реализација на нејзините претстави за слободна трговска зона.
Ред 44:
За развитокот на Уставот треба најпрвин да се споменат неколку важни промени на Договорот, што се однесуваа на конкретни ограничени области.
 
Создавањето на заеднички институции за трите постоечки заедници - ЕАЗ, ЕЗЈЧ и ЕЕЗ, со таканаречениот Фузионен договор, што беше ратификуван во 1965 година, а стапи на силанасила во 1967.
Надополнување на финансиите на земјите-членки преку опремување на Заедницата со сопствени средства, на база на еден договор на Советот од 1970 година.
Ред 98:
== Од ЕЕА до основањето на Европската унија ==
 
Четвртата етапа од историјата на ЕУ го опфаќа периодот од Единствените вропски акти (ЕЕА), средина на 1987 година, па сé до стапувањето на силанасила на Договорот за Европската унија кон крајот на 1993 година. Најзабележливо е најпрво, тоа што од една основна ревизија на Договорот до друга, изминаа само 5 години, значи само четвртина од времето меѓу Римските договори и ЕЕА! Оттаму, се разбира, најпрвин се поставува прашањето, што е причината за тоа. Овде треба да се набројат повеќе фактори, при што се разликуваат интерни и екстерни детерминанти.
 
Интерните фактори на влијание во прва линија зависат од очигледната сопствена динамика што ја доби процесот на интеграција преку проектот за внатрешниот пазар и ЕЕА. Така, внатрешниот пазар имаше далекусежни допирни точки, меѓу другото, со монетарната политика, имигрантската и азилантската политика, со борбата против меѓународниот криминал и со социјалната политика, под името "социјален дампинг". Овие сфери на допирање правеа на многу актери заедничката политика во наброените области да им изгледа неотповиклива. Освен тоа, енормно пораснатото заедничко имотно право од ЕЕА сé поболно го враќаше во сеќавање "демократскиот дефицит" на ЕУ, и на неколку држави-членки, германското повторно обединување, поцврсто врзување на Германија, која стана поголема и поспособна за делување, им изгледаше препорачливо.