Грб на Бугарија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: креиран -> создаден
Ред 9:
== Историjа на бугарскиот грб ==
[[Податотека:Tarnovska konst1.jpg|thumb|right|200px|Корица на првиот бугарски устав со бугарскиот грб од 1879 година]]
Стилизирани слики на лав постојат уште во Првото бугарско царство (681-1018). Лавот како симбол на власт, сила и храброст е еведентиран и во Второто бугарско царство (1185-1396). Најстариот бугарски грб со хералдички лав датира од [[1295]] г. Во периодот на царот Иван Шишман (1371–1395), последниот цар ва Второто Бугарско царство, анонимен арапски патешественик опишал и насликал грбот на штитовите на царската гарда во метрополата [[Велико Трново|Трново]] - на златен тркалезен штит три црвени лава пасант еден под друг.<ref>[http://protobulgarians.com/Kniga%20za%20gerbovete/I.2.Vladetelski%20simvoli%20v%20srednovekovna.htm Иван Воjников, "Историjа на бугарските државни симболи", глава II.]</ref> По паѓањето на Бугариjа под [[Османлиска империја|османлиска]] власт во краjот на 14 век традициjата на лавот како главен бугарски симбол била зачувана во западноевропските и илирските грбовници во неколку верзии. Во почетокот на 18 век хрватскиот хералдичар Павао Риттер Витезовиќ направил промена во блазонот на бугарскиот грб и ставил еден златен исправен лав на црвен штит.<ref>[http://protobulgarians.com/Kniga%20za%20gerbovete/I.3.%202.%20Baalgarski%20gerb%20v%20Ilirskite%20gerbovnitsi.htm Иван Воjников, "Историjа на бугарските државни симболи", глава III, дел 2.]</ref> Овоj блазон бил прифатен и од родениот во Македониjа Христофор Жефаровиќ во неговата "Стематографиjа" од 1741 година. Верзиjата од "Стематографиjа" добила голема популарност меѓу бугарските преродбеници и револуционери во 19 век, а златниот исправен лав се сфаќал незванично како наjпрепознатлив бугарски национален симбол. По ослободувањето на Бугариjа во 1878 година во првиот бугарски устав како државен грб бил опишан токму блазонот на Жефаровиќ. Во 1879 година кон малата форма со штит, челенка и круна се додавале подножје и мантиjа. Бидеjки во периодот 1880-1926 немало посебен закон, коj да го дефинира грбот како дизаjн и функции, истовремено се користеле и малиот грб, и претежно големиот грб со штит, челенка, круна, мантиjа, држачи, подножjе, девиза, хералдички знамиња, и тоа во неколку верзии. Грбот бил конечно правно дефиниран и опишан во 1927 година, кога била прифатена средна форма со штит, челенка, круна, држачи, подножjе и девиза.<ref>[http://protobulgarians.com/Kniga%20za%20gerbovete/I.4.1.%20Gerbove%20na%20III%20baalgarska%20-%20darzhaven%20gerb.htm Иван Воjников, "Историjа на бугарските државни симболи", глава IV, дел 1.]</ref> Таа се зачувала до 1947 година, кога (по комунистичкиот преврат од 1944) бил креирансоздаден нов грб со тркалезна сина позадина и исправен златен лав, окружени од два снопа на житни класи, поврзани на врвот со црвена петокрака и во основата со црвени и тробоjни ленти.<ref>[http://protobulgarians.com/Kniga%20za%20gerbovete/I.5.%20Gerbove%20na%20narodnata%20republika.htm Иван Воjников, "Историjа на бугарските државни симболи", глава V.]</ref> По паѓањето на комунистичкиот режим во 1989 година и по долг период на вжештени партиски дебати во 1997 година беше донесено решение за враќање на историскиот грб од периодот 1927-1946 со нов дизаjн.<ref>[http://protobulgarians.com/Kniga%20za%20gerbovete/I.6.%20Epopeyata%20okolo%20noviya%20gerb.htm Иван Воjников, "Историjа на бугарските државни симболи", глава VI.]</ref>
 
== Галериjа ==